1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејсбук групи

Дискусија во 'Слободно време' започната од RainBow, 17 јуни 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Фејсбук групите прилично земаа замав, има разни групи со разни интереси во фокусот.

    Јас членувам во неколку мајчински групи, но не сум активна во нашите, во странски знам и да пишам нешто.
    Членувам и во групи за книги, таму си дискутирам и ми се допаѓа тоа што го нема оној натпреварувачки дух што го има најчесто во мајчинските групи.

    Членувате ли во групи, дискутирате, се докажувате? Или си следите немо од страна и понекогаш фаќате сеир?

    Еве една статија за нашите фејсбук групи.
    Македонците обожуваат да бараат совети на социјалната мрежа Фејсбук, но и да бараат и даваат помош, да се расправаат, коментираат, надмудруваат и да бележат сообраќајни прекршоци. Од барање совети за тоа каква храна да му давате на вашето бебе, до барање помош каде да се сместите со вашите деца бидејќи сте немале да ја платите киријата... На стотиците групи на Фејсбук отворени за различни намени може да се прочита ама баш сè и сешто. И додека некои коментари се зачудувачки од секој аспект, на некои граѓани помош за да преживеат им стигнала благодарение на тоа што напишале објава во неколкуте групи посветени на хуманитарна помош.

    Една од најпопуларните групи на младите родители е Здрава храна, здрави деца која веќе брои над 20.500 члена. Ирина Наков и Елена Петковска не застанаа само со формирање на оваа група, тие имаат и блог, мобилна апликација Бебе готвач, а пред една недела промовираа и книга Бебе готвач во која има многу рецепти. Ги прашавме што ги натера да ја направат групата?

    - Кога станавме мајки, пред сè, прво се соочивме со многу различни препораки и мислења во врска со првата исхрана на бебињата, односно за доењето. А кога дојде време да се воведе дохрана, кога бебињата ни беа на шест месечна возраст, наидовме на уште позбунувачки совети и моравме да одбереме што е најдобро за нашите деца, а тоа нималку не е лесно. Заедно со Ирина Наков и Весна Каеска ја оформивме групата Здрава храна, здрави деца! И наметнавме поинаков пристап, почнувајќи со правила и споделување на корисни информации во вид на документи кои ги одговараа најчестите прашања на родителите - вели Елена.

    Тие објаснуваат дека целата им е заедно со родителите кои се членови во групата да ја подигнат свеста за користење на здрави,свежи и сезонски намирници и подготвување на домашни оброци, не само за децата туку за целото семејство.

    - Секако и целта ни е да помогнеме на сите родители кои наидуваат на истите потешкотии кои ги имавме ние и да им дадеме една добра и здрава алтернатива како решение - вели Ирина.

    Но, еден пост во групата ги поттикнал да размислат да напишат книга.
    - Една мајка ни прати слика од испечатен Бебе Готвач кој на почетокот беше документ со 30-тина рецепти. Испечатените рецепти беа закачени на фрижидерот, а таа се решила на тој начин да и помогне на својата мајка, која била задолжена за чување на бебето, полесно да се снајде со бебешките оброци и начинот на исхрана кој мајката го наметнала. Тој пост нè поттикна дека на сите ни треба печатено издание, особено на оние кои не користат Фејсбук и не знаат да се снајдат со апликациите - вели Елена.


    Ирина додава дека книгата може да се најде во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ, Клуб Матица,Тримакс и продажната мрежа на продавниците за здрава храна БИО-култ.

    Групата Coffee&Friends има 2.350 членки и постои две и пол години. Соња Митриновска Боева ојаснува дека првичната намена била да се спои на едно место со сите нејзини драги пријатели од цел свет за комуникација и дружење, но полека самата група си добила лик на голема хуманитарна и пријателска организација.

    - Групата брои жени со големи срца и најтопли души, спремни за помош или поддршка секому меѓусебно, без притоа и повеќето да се знаат лично. Тука се родиле многу важни пријателства или неопходна помош и поддршка за самохраните родители кои имаат посебно место кај нас. Сме си делеле и добро и зло и низ збор и низ дело, притоа несебично давајќи контакти совети или информации меѓусебно. Многу мајки и бебиња сме облекле и нахраниле, сместиле или вработиле, дале правен совет или сме ги средиле нивните деца матуранти за најубавите моменти да ги минат безгрижно.Овде имаме попусти за многу работи, од понуди за одмори до (самоизработени) производи, од фирми до игротеки на наши членки за наши членки со привилегии и попусти - вели Соња.

    Од помош за сместување кога сите ги отфриле, до собирање средства за неплатени сметки. Спас за многу самохрани мајки е токму групата One can. Дороти Пачкова вели дека согледувајќи ја игнорантноста на општеството, во однос на еднородителските семејства, решила да создаде платформа преку која ќе се обединуваат и ќе се заложуваат во остварување на правата кои ги немаат.

    - Тргнав од креирање ФБ група, како наједноставна алатка за комуникација и координација. Предизвикот беше, и сè уште е да се одржува атмосферата на припадност, конструктивност и женска солидарност. Мисијата и визијата се унапредување на правата на сингл мајките и децата од еднородителски семејства, а за реализирање на истото, потребни се стратегии, планови, лобирања и тимска работа. Практикуваме слобода, но, имаме однапред поставени правила по кои се водиме и не престануваме да ги осознаваме силните и слаби страни на нашата заедница. Растеме и се прилагодуваме на потребите на нашето заедничарење - вели Пачкова.

    Ако направите некој сообраќаен прекршок и сметате дека никој нема да забележи, не бидете сигурни во тоа. Дежурните „полицајци“ од групата Ѕид на сообраќајниот срамсигурно ве виделе и заслужено ќе ве стават на тапет. Јане Стефанов, еден од администраторите на групата ни раскажаа дека директна провокација за создавање на групата му било полициско возило паркирано на велосипедска патека по која мајка решавала лавиринт како да помине со количката. Групата сега брои над 47.000 члена.

    - Тоа водно беше и првата фотографија објавена на групата Ѕидот на сообраќајниот срам. Тргнувајќи од македонскиот синдром дека „не си направил ништо лошо ако не те фатат“ решив да направам група која ќе биде показател за тоа колку многу грешиме во сообраќајот. Јавно да се стават грешките за да мора да ги признаеме. Кога велам грешките не мислам за кршење на Законите кои го регулираат сообраќајот. За тоа си постојат државни институции, полиција, суд... Акцентот се става на грешките што се прават кога едни учесници во сообраќајот, од било кој вид, не се грижат за другите учесници. Кога паркираат на начин кој ги попречува или загрозува другите возачи, пешаци, велосипедисти. За да може да функционира групата десетина волонтери секојдневно ги прегледуваат постовите и коментарите дали се во согласност со правилата на групата и ја поттикнуваат дискусијата на различни теми. Се грижат да не се користат погрдни зборови, навреди, дискриминација од било каков вид и рекламирање - вели Јане.

    Целта е да се поттикнуваат дискусии за различни прекршоци кои го загрозуваат животот на сите учесници. Дискусија се развива преку слика со објаснет прекршок во која луѓето го одобруваат, осудуваат и оправдуваат прекршителот.

    - Со таква дискусија се учи најмногу. А најважно е дека се креира заедница на која и е „дојдено преку глава“ од сообраќајната некултура. Целта не е да го спроведува Законот туку да ги покаже негативните дејствија од неспроведувањето на Сообраќајните правила и како тоа влијае на нас, обичните луѓе. Не може да се потенцира еден пост кој предизвикал најмогу реакции, но може да се каже што најмногу им пречи на луѓето. Полицајци кои прават прекршоци, коли паркирани на место за лица со посебни потреби, блокирани велосипедски патеки, блокирани родители со колички, состојба на патишта итн - вели тој.

    Јане објаснува дека не може да знае дали некој досега е санкциониран од надлежните институции поради објава во групата, но со сигурност може да каже дека со анализа на групата можат да се видат акутните проблеми во сообраќајот и омилените места за прекршоци на несовесните возачи. Го прашуваме колку групата помага да се подобри сообраќајната култура во земјава?

    - Сообраќајната култура може да се подигне само преку континуирани дискусии на оваа тема, идентификување на проблемите и разгледување на различните аспекти на истите. Тоа групата го прави. Интересно е дека низ годиниве се дефинираат и други погодности, како на пример, изгубено/најдено за клучеви, сведочење за судари во кој кривецот избегал и најбрзо известување за закрчени патишта и сообраќајки. Можеби е доволно доброто однесување на членовите на групата кои често велат: „Внимавам како паркирам за да не се најдам на Ѕидот...“

    Медиумите и јавните личности се главна мета на пуздерџиите од групата Пуздер правам...од македонскиот јазик. Во оваа група, покрај воочувањето на грешките при користењето на македонскиот литературен јазик, може да разрешите и многу јазични дилеми и да научите за правописот. Групата брои повеќе од 16.000 члена, а администраторите будно следат што се објавува.
    - Оваа група е резултат на заедничка работа на повеќе луѓе, вклучително и на професионалци. Ниската јазична култура, како во медиумите, така и во јавните институции, но и кај поединците,беше првата причина за да побараме начин и јавно да дебатираме со цел да ги идентифицираме најчестите јазични грешки. Основната цел на групата е посочување на најчестите јазични грешки. Групата „Пуздер правам… од македонскиот јазик!” може да биде искористена и како репер за многубројните прашања што си ги поставуваат говорителите на македонскиот јазик. На тој начин, јазичарите можат да добијат поедноставна слика за описот на јазикот и за деловите каде што се потребни дополнителни напори за да се направи ефикасен материјал за изучување на македонскиот стандарден јазик. Корисниците добиваат одговор на нивните јазични дилеми од најразлични библиографски референции (речници, граматики, правопис) - велат администраторите.

    Oбјавите во оваа група претставуваат укажувања на јазични грешки, прашања за конкретни јазични проблеми од правописна, правоговорна, морфолошка, синтаксичка и семантичка природа.
    - Не би изделиле ниту една објава поединечно, но најчесто најголема реакција предизвикуваат оние објави што укажуваат на јазичните грешки на медиумите и на јавните личности. Причината е едноставна: обичниот говорител смета дека медиумите и јавните личности треба да бидат пример и модел за правилно користење на јазикот во едно општество. Од почетокот на нејзиното постоење па до денес, голем број членови на оваа група велат дека го добиле одговорот на нивните јазични дилеми. Бројот на членови во оваа група секојдневно расте (денес броиме повеќе од 16000 членови) и методологијата и пристапот на решавање на јазичните проблеми исклучуваат секаков вид лични караници или навреди. Од таа гледна точка, групата не само што помага за подигање на јазичната култура, туку и за подобрување на културата на меѓусебна комуникација помеѓу поединците, која лесно може да излезе од контрола, посебно на социјалните мрежи - велат тие.
    http://www.fakulteti.mk/news/17-05-...najde_i_na_dzidot_na_soobrakjajniot_sram.aspx
     
    На SV1911, N.2106, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    За сеир еднаш влегов во ЖДМ, ама не ми излегуваше ниту нешто смешно и фејл, туку почетната ми се наполни со онакви семе синапово поговорки и glitter слики од кафиња и чуда, па одма излегов :D

    Иначе, Пуздерџии ги поштувам ептен, мелем за grammar nazis од целата неписменост на фб :D
    Асоцијација на македонски атеисти рулз :rock:
    Плус групи за книги (Читачко катче и една за размена) и за ГоТ :l:
     
    На LadyC, Lella, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Членував во некои женски групи.
    Ме банираа за кратко.
    Безобразни теми сум поставувала :inlove:
     
    На mariz, CameliaMiller, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас немам фејсбук... Па немам ни групи:emo::?:
     
    На carangigia, La.loca, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Да и најчесто читам искуства и ако можам некому да помогнам во мајчински групи член сум и на други но не ги следам ниту сеир ми се гледа ниту сакам некого јавно да навредувам и не ги ни отворам
     
    На LadyC и WildMk им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас членувам во групи кои се од мој интерес, не се приклучувам на групи чија содржина и материја за која се разговара не ме интересира само за сеир гледање оти не ми е интересно тоа. Инаку од таквите групи секогаш можеш да добри совети од некој поискусен член за областа за која те интересира, а понекогаш некои групи стануваат место за ширење национализам и омаловажување на некој народ или некоја религија. Членував во група која за неколку месеци се претвори во лакрдија, каде што личности со испрани мозоци од Екс -ЈУ републиките се навредуваа меѓусебно. Веднаш ја напуштив групата оти не сакав да бидам само нем сведок на тоа што се случуваше во групата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Пуздерџиите се интересни и добри дискусии има. :)

    Во мајчинските групи е многу напорно, некогаш место совет ќе се подели памет, нели, секој со својот, па кај ти е тешко, може и потешко да ти биде.
    Исто така, според мене, си имаме доста комплекси, па се пронаоѓаме секогаш во туѓите мислења и ако еден пише за нешто дека не му се свиѓа, одма е нападнат од друга страна на која нештото и се свиѓало, веднаш се осеќаат лично загрозени. Поради ова најмногу избегнувам да дискутирам.
     
    На ane.bella, theowndemon, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Што е тоа 'пуздерџии'?
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Група која се бави со македонскиот јазик и грешките при неговата употреба. Се вика Пуздер правам...од македонскиот јазик! Има околу 18000 членови ми се чини.
     
    На Lella, CameliaMiller, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ако си таа што мислам, а најверојатно си, браво кралице :bow:

    Се сетив на жената со “безобразните” теми низ групите :rofl:
     
    На CameliaMiller, lovestoneddd, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Шит... се посрамив сега ... ако ме знаеш :$
     
    На CameliaMiller и crimson им се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Можеби знаете некоја група што е за книги коишто обожаваат да читат книги нешто слично.
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    009DEB07-45ED-4F82-948A-13D8BC61751B.jpeg CF931458-ACA9-401F-A90B-5C136A67E96B.jpeg
     
    На ane.bella, CameliaMiller, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    На ЖДМ бев за терање сеир, се изнервирав и ја напуштив. На една група со цвеќиња сум за плакнење очи.
    "Ѕид на сообраќајниот срам" ја напуштив затоа што постои само за плукање на лошо паркирани автомобили и за бранење на шофери кои поминуваат на црвено, затоа што тое е во ред. Типичена претстава за тоа што се случува на улиците, само пренесен менталитетот на групата.
    Пуздерџиите ги бев заборавила, не ми излегуваат на почетна, ниту ми стигаат нотификации од нив :?:
    На неколку стручни групи сум член, на неколку хумантирани.
    Асоцијација на Македонски Атеисти ми е врв, главен избор на хумор во последно време :rofl:
    Обично во македонските групи во кои членуваат поголем број жени, обавезно доаѓа до расправии. Како некој синдром е.
    Поголем љубител сум на ФБ страни, и онака ФБ најмногу го користам за читање вести/новости и хумор.
     
    На LadyC, CameliaMiller, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Групата од сакам книги зачудувачки брзо се развива. :)

    А ждм одамна ја напуштив бидејќи ми немаше никаква поента.

    Онаа ја читам погоре во статијата од факултети кафе и пријатели, има ли некоја таква лабава група?

    Јас би сакала да направам клуб на читатели, еднаш месечно да се става книга, ете и на македонски што е преведена да биде, па да се напише пост и да се коментира. Како тука што е слично.

    Да не има такво нешто?
     
    На sweet-cherry, SV1911, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Слична на Ѕид на сообраќајниот срам е Кумановски ѕид на срамот...
    Некогаш знаат да ме насмеат Кумановци со нивните описи за неправилно паркирање :lol:
    Во мајчински групи сум член, ама скоро никогаш не пишувам.
    Во женски домаќински муабети исто сум член.
    Во групи за готвење сум прва, обожавам да гледам и споделувам рецепти...
     
    На Sesil, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Во ЖДМ сум за терање сеир, ама не се дешава ништо интересно.
    Не знам ни од каде, ни како сум дел од Спортски прогнози и анализи, а и Купи-продај огласи, а не знам ни зошто не сум напуштила досега :D.

    Од пред некој ден сум дел и од Хроно исхрана. Не сум на хроно, ама интересни ми се за читање :).
     
    На cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    И јас членувам во групите за книги, во групи од некои актуелни серии кои ги следам, групи од некои програми кои ги работам и тоа, некои такви групи отприлика.

    Не коментирам, порано бев поактивна и во нашиве групи, но сега сè поретко. Освен некој лајк и коментар тука и таму, ретко имам волја да постирам нешто.

    Со чест на исклучоците (кај мене од нашиве, исклучок е групата на Сакамкниги, зашто единствена е која вистински ме релаксира), ама општиот впечаток за нашите групи е многу, многу лош.
    Многу лошо однесување, многу надменост и надрмудрување, очајна желба за докажување и што ли уште не.

    Во домаќинските/женските теми никогаш ниту сум членувала, ниту пак воајерски би си губела време во иднина.
    Истиот правец го тераа и „Пуздерџиите“ некогаш, не знам од кога сте членови и колку се сеќавате, ама беа ужас.
    Немој случајно нешто да се осудиш да прашаш. И тука не зборам за тие кои неуморно постираа слики со печатна грешка (тоа беа жива напаст со таквите глупави слики).
    Туку исто како и низ мајчинските теми, едноставно да се покае човек што воопшто помислил да напише или да праша нешто.
    Одма исмевање, па такви некои доскочици и паметувања, да ти одмили и помош и сè.

    „Најпеколна“ дискусија што ја памтам, беше некаде околу 2013/14 кога имаше некоја дискусија за Лајла Грејс (во која и самата таа учествуваше :rofl: ), па се нафрлаа страствени фанови по лични пораки да продолжат „дискусија“ со хејтерите. Ужас. :D

    Ај тоа друг муабет, ама навистина муабетот имаше лош тек, општо во било кој случај. Во последно време често следам и нема врска со тоа што некогаш беа. Дискусиите се во ред, испади ретко има.
    Или некој добро ги „испеглал“, или се освестиле дека премногу „сарказам“ не носи добро, па ја оправиле работата.
     
    Последна измена: 18 јуни 2018
    На Sesil, SV1911, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Не членувам никаде.
    Бев член на групата- Здравјето на дланка и не можев да ги сфатам модераторите прво , а не пак членовите кои си имаа свој здравствен проблем. Упорно се ,, препишуваше,, терапија- сокотерапија за сите можни болести, антивакцинарски ала Слаѓана Велков убедувања итн...
    Кога прочитав следното:- за кандида, терапија- чешне лук во вагина пред спиње и детално како иде постапката ми се :puke:.
    Толку се поигрува со човечки животи, страшно.
    Некоја група за готвење ( не знам од каде и како се најдов) толку членките се улизуваа на една модераторка :lol:смешно беше дури. Секој втор пост беше -бурек по рецепт на Митра( пример) модераторката мислиш таа го смислила сама и своевидно паѓање во несвест.:rofl::rofl:

    Групата - Здрава храна, здрави деца во неа бев член кога почнав со воведување цврста храна. Во фајловите има многу корисни совети, се водев по нивна табела и не згрешив. Благодарение на групата ќерка ми и денес има добар начин на исхрана.
    Замерка имав во постовите што се постираа од членки, од глупости до караници и препирки беше. Имаше и толку ,, глупи,, прашања што не знаеш дали да плачеш или смееш.
    Модераторките се супер и корисни совети можат да се прочитаат. Стигнав со членство до апликацијата Бебе готвач и тука крајот беше.
    Групата- Соба за доење и таа кога се породив ја читав т.е советите на докторката, но некако самата група не беше активна( не знам од која причина).
    ЖДМ , мајка ми беше членка и не можеше да поднесе да чита секакви свештологии и излезе од групата по брза постапка.
    Групи за мајки, не благодарам. Со оглед на тоа што се не прочитав, бисер до бисер овде, зачинето со слики од валкани памперси, крв на тоалетна и што не:puke:(facepalm):puke:. Се поштедив од губење време на глупости.
     
    На cresa-jagoda и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    До пред некој ден бев членка на групата Женски домаќински муабети. Кога видов какви мајки има, ја напуштив групата. Сешто се пишува таму. И тоа што не треба. Па не им личи на жени да се расправаат.
     
    На cresa-jagoda и makedonkamak им се допаѓа ова.