По овие групиве може сешто да се прочита. Добро бре, жениве се глупави или се прават дека се глупави?
Глупави се за жал... Да не членував во некои од македонскиве групи, немаше да знам дека толку прости жени има
Готово, ме убеди пак да се зачленам. Детето се смеЈело. Бањање во крв, цицнување млеко при секс... Ај да споделуваме вакви статуси ама едно по едно, ова на камелија ми дојде ту мач за еден ден. Иначе реклами може само у вторник, ако сакаш да се саморекламираш. Разбирам во брзање да утнеш буква ама ова е алармантно, не се работи за брзање, туку толку им сече. А кога ќе ги видиш сите у немачка отишле, џоа госпожи.
@Doozy те ставија кај Балканките? Да те турам ако сакаш. Јас ги додавам сите за да читаат каков народ живее во Мк. Дефинитивно најдебилна група, ЖДМ може вода да им носат. Членувам во многу групи. Ретко коментирам. За здравствени проблеми доста ми е Гугал.
А групиве за Ѓумбир и здравје? Го научија тој збор Ѓумбир од фејсбук и сите како прле пред магаре што и да ти е веднаш добиваш совет “Купи си Ѓумбир“. Пред некој период нешто ме болеше и сретнувам една познаничка на мајка ми и така низ муабет спомнав дека ме боли нешто и ја гледам како и светат очите и си велам “ ајде ајде те чекам, кажи ми да си купам Ѓумбир“ и после неколку секунди ми додели епохален совет “ купи си Ѓумбир, на ФБ многу го фалат’
Не, уште таму не сум член Ако влијае добро на самодовербата, стави ме, personal development and crap.
Леле па затоа дават сите со ѓумбир, аман! И јас добив совет да сум се прочистела со ѓумбир-лек за се'! Јас излегов од неколку групи, мајчинскиве претежно, каде што бајачка е спасител
Фејсбук отворам само по потреба, а тоа е кога треба да пратам некој документ од компјутер. Од групите доброволно сум член само на Пуздер правам, некогаш прашував и ставав слики од неписмености. Се сеќавам со поранешната наставничка по македонски си ги лајкнувавме објавите. Ама да бидам искрена, порано знаев да седнам и да читам дискусии од 2013, бидејќи беа интересни, а и многу ми беше интересно кога ќе се случеше deus ex machina и ќе се појави некој лектор што ќе удри печат и останатите ќе му исполајкаат демек да, и јас така мислев. А сега, од еден член што упорно коментира на сите постови со некои досетки (ако ги следите постовите знаете за кој зборам) не ми се ни чита. Ај тоа, ама не ни пишува како што треба. Исто така, целата изнасилена формалност ми е толку смешна, никогаш не би можела да достигнам толкава пасивна агресивност.
Неодамна сакав да пишам баш на оваа тема во СДК ама постојано заборавам, ете ми прилика. Член сум на неколку групи од типот на балканки, неколку верзии на женски домакински муабети и сл. Ја сфаќам целта на групите и навистина е океј и корисна, исто така ми се допаѓа и можноста што секој може анонимно да си постави проблем ако сака. Меѓу тоа колку има корисни работи да се прочитаат, дупло повеќе има глупости, навреди, солење памет, понижување и слично. Не ги читам, ниту коментирам само еднаш пишав едно прашање се јавија еден куп дечишта, постари госпоѓи со никаква култура, непочитување абе уште да ме истепаа. Не е ни чудо што на голем дел од прашањата се потсмеваат на страните како што се камај и слично.
А вие се сеќавате на групата совети за мајки и деца имаше поставено една мајка зелено каки од бебето и прашала зошто е такво.
Ако си за експертско мислење за здравје, тогаш ќе се обратиш до групата-Здравјето на дланка и одма добиваш сокотерапија.
Освен групи за memes/фаќање сеир/купи продај/обожаватели на нешто не сум влегол во некоја група. Можеби не сум ни барал да бидам искрен. На почетокот беше нешто ново после Myspace, сеуште би рекол се немам навикнато на Facebook и групи поозбилни.
Бев член и на групата Дај, не фрлај. Ама откако видов колку преваранти има, ја напуштив групата. Имаше една што бараше работа и откако и понудиле, ја одбила. Не можела да работи.
Е, и овие гласаат на избори, и одлучуваат за иднината на државата. После, оти сме никаква држава... е оти де?