Член сум во неколку големи и активни групи на фб. Едни од тие се: -Ѕид на сообраќаен срам -На одмор во Грција -Travel in the Balkans -Скопје бара чист воздух -Купи - Продај групите -Туристички агенции А во "Женски домаќински муабети" сеуште претендирам да станам член но Миа и другарките не ме одобриле....
Член сум на повеќе групи, како на пр. ѕид на сообраќајниот срам, женски домаќински муабети, туристички агенции и многу други, но често ме нервираат банални коментари, така што од некои излегов.
Член сум на многу групи, во некои ме додале во некои сама се зачленив. Оние што најмногу ги читам и ми се интересни: - Happy Cats - Neil deGrasse Tyson - Асоцијација на Македонски Атеисти - Cosmology & Astrophysics News - Миленичиња - улични и домашни Коментирам само во странските. Член сум и во ЖДМ и Балканки само за читање и фаќање сеир. И останати кои не знам кој и кога ме додал како Ѕид на сообраќајниот срам, Купи - Продај огласник и др.
Ме исфрлија од три групи на ЖДМ на фејзбук. Од четвртата сама искочив. Бидејќи ми беше оневозможено да коментирам. А јас не можев да издржам да не пишувам нешто и да се правам паметна па сама искочив. Иначе во пуздерџии сум пасивен член. Исто и во една група за размена на книги и книжевни муабети сум пасивен член ама ги читам објавите и таму редовно. Исто сум член и на машки домаќински муабети и таму сум ептен пасивен член иначе ќе ме исфрлат. И како активен член сум скоро во сите групи за миленици и улични животни на Фејзбук. Барем тие што функционираат како официјални групи и страници на Здруженија за заштита на животни во Македонија и редовно си постирам.
Членувам во неколку странски групи. Повеќе за мемиња и убави места за патување, во некои за музика сум. А, од наши само во групи за факултет и толку.
Во милијарда Фејсбук групи сум, меѓу кои и две ЖДМ и сфаќам дека ние овде на форумов сме класа. Таму шо не ќе видиш, од малограѓанство про макс, до неписменост, безобразност.Остајте овде ние што се караме. Ама има и корисни работи, и затоа седам уште таму. Во милион групи за миленичиња сум исто. Фејсбук ми е за смеење буквално, како што кажав во последното мислење.