Се надевам дека нема ваква тема Ме интересира дали ги додавате/прифаќате понудите за пријателства од страна на вашите колеги од работа или вашите претпоставени (шефови, управители, директори, газди)..
зависи во какви односи сте и карактерот..дали е фин, зборлест, опуштен или пак некој строг..има разлика
Не, ниту додавам, ниту прифаќам. На LinkedIn, да, затоа што е професионална мрежа. Таму имам ЦВ и тоа е се. Фејсбук е нешто сосема друго, тука ми се пријателите, слободното време. Имав колега на минатато работно место со кој бевме пријатели и на ФБ. Се случување да земе т.н. "sick day", дека нешто не му е добро, болен, а јас вечерта го гледам два реда пред мене седи на концерт . Мене не ми пречеше, зошто па, и јас да направев исто, и тој немаше ништо да рече. Значи и атмосферата на работа ни беше поинаква, работата да си врви, другото не е битно. Потоа ме избриша, веројатно му беше незгодно, а планираше уште такви излети . Откако сменив работа, додадов некои од бившите колеги. Ама само некои.
Колегите да. За среќа барем за сега убаво се согласуваме а и немам на фб нешто што не би требало да го видат. Претпоставените ги немам а и не гледам некоја причина да ги имам бидејќи приватно не комуницираме.
Додавам и прифаќам понуди и во некои случаи тоа не е добро. Често ми е непријатно луѓе со кои имам едно здраво да ми бидат пријатели на фб, ама ги прифаќам.
Прва не додавам никој,и не прифаќам секој(освен ептен некој убавец ако ми западне во око),зошто ми се да ги имам личности со кои сум на обично здраво? значи си ги имам другарките,поблиски роднини,и колеги со кои сум била блиска за време на работниот однос
Некои што ми се чинат ОК ги прифаќам, а тие што не ми се по мерак не. А јас никад не сум им пуштил понуда.
Ти сигурно си некоја вип фаца, па ете да не претерам ама дневно по 10тина понуди ти стигнуваат од девојки...ти си седиш и ајде оваа ја бирам, оваа не, оваа е ок, оваа не
Извини али јас не работам во градежна фирма па за да имам толку многу колеги за да ми стигаат понуди за пријателства. Нешто се имаш измешано.
ВИП реков, од кај извади градежна фирма? Девојки реков дека те додаваат, од кај извади колеги од градежна фирма?
Не сум ВИП фаца и не сакам да ме додава секој. Не ги прифаќам и додавам затоа што некој тоа го злоупотребува. Ваму сум бил, таму сум бил, и некој тоа го издава.
Често заборавам дека не знае секој да се зеза. Опушти се, многу си стегнат, а и некако на значење гледам си даваш....мислиш некому му е гајле кај си бил ти. Уште првиот пат кога те цитирав друга ми беше поентата ама нема врска Можеш на фб до името и презимето во заграда да си напишеш ( fuck off bitches ), па така нема да те додаваат, и да те злоупотребуваат.
Порано правев грешки да прифаќам секој од што ми ми беше незгодно да одбијам. Но откако направив една голема „чистка“, додавам и прифаќам само луѓе што ги познавам, без колеги/газди/претпоставени/професори од факс итн...
Па таков сум, затворен тип, не комуницирам со секого, сам сум, немам пријатели, немам смисла за хумор, одам на работа со искинати чорапи и тако даље да не објаснувам за мојот живот. И ете, касно ја сфатив твојата шала. Се извинувам.
Да, но не сите. Бидејќи често се дружиме од работа и имаме заеднички слики имам повеќе од колегите на фб. Инаку не објабвувам ништо што не е за споделување, така да не ми е проблем фејсбукот.