И јас за ТајмЛајн да прашам дали и кога ќе се мења за сите корисници? Да го правам сега да бришам патетични објави и глупости? Срамота
Го видов Тајмлајнот(о) кај неколку луѓе и ич не ми се свиѓа.Ако ни го сменат на сите, ќе си го деактивирам профилот
Ауу страшно изгледа Дури страв ми е да отворам такв профил се мислам дека и мене ќе ми се смени. Уплах фатив Не дај боже кај сите да се смени!
Од јануари колку што знам кај сите ќе се смени, сакале нејќеле. Се мислам да го деактивирам скрос, и да направам нов колку само да ми служи за на факултет... А Времепловот не ме бендисвит
Добро бе како се мести тоа тајмлајнот...знам дека за 7 дена на сите ќе им се активира, ама нели можеш и сега да го испробаш, само неможам да најдам каде да го сменам
Кај се заебав со ова тајмлајн Еве веке саат време си прегледувам што сум правела. И заклучив дека не сум била толку бедна де. Не сум се трескала од земја, ниту сум пишувала со 4 и 6 . Само ме изнервира во неколку наврати што сум си пишала статус во 3то лице. Не ни чепнав повеќе од работите. Нека стојат. Интересна работа за да види човек колку се менува во една година, а не па 2 и повеќе.
Леле, леле, леле, за време на Европското во кошарка за секој натпревар на нашиве сум пишала статус или ставила некој линк, а башка и еден куп лајкови на статии што сум ставила, се‘ ми стое. Ма, ништо не бришам, нека го. Немам некои очајни статуси, линкови некои сум поставувала, некоја слика, чат пат некој статус- цитат од некоја книга и тоа. Ништо не бришам, единствено тие глупавите анкети. Инаку интересна работа е ова, штета што ми е нов овој профил, да ми беше стариот, ќе си се изнасмеав за сите глупости што сум ги правела на фб.
Значи несакајки сум го активирала тоа да неможат пријателите да ми гледаат нешто ако сум лајкнала некоја група или некоја страна и сега дека се сменети воаа прилагодувањва и немозам да се снајдам знае некој како??
И јас го имав истот проблем можеби месец дена веќе и денеска славам затоа што конечно ми се смени. Нема решение за чудото, само ќе си се смени.
од новиов фб едино ми се свиѓа што не покажува кај мене на профил на кого сум пишала нешто на ѕид или ако оставиш коментар на слика некаде. ме поштедиле од бришење. се друго е ту мач hi5.
Почнав да добивам желба да го деактивирам! Ниту сакам да си ги читам статусите од пред 500 години, ниту пак ми се допаѓа дизајнот. Сеуште не сум го активирала новиот, ама кај и да е, и мене ќе ме стрефи.
имам видено каков е...за никаде, глупости,ке гледам сега што сум правела одкако сум го активила и да немам никаква приватност...додуша тоа и онака нема ама вака бетер јас планирам да го деактивирам веќе ми здосади,уште не сум го научила стариот веќе има нов ццц
Мене на пример скоро се ми е избришано. Имам работи само од последните 2 месеци можеби. Зарем во тој случај се што сум имала од почеток т.е. веќе избришаното се враќа? Се помалце и помалце ми се свиѓа фб...