Јас сум чуден корисник на Фејсбук. Еден ден ги избришав сите објави, почнувајќи од најстарите од 2010 година, некако хаотично ми беше да имам толку многу. И сега кога ќе објавам нешто го бришам после неколку дена. Имам само некои објави оставено од 2015, поинтересни линкови и некои статуси , а check ins ми стојат сите досега (всушност не се означувам секаде каде одам, ретко го правам тоа). Објавите само пријателите имаат привилегија да ги видат. Порано ги прифаќав речиси сите понуди за пријателство а и јас праќав но сега ретко прифаќам непознати а кога ќе прифатам сакам да се запознаеме, да се допишуваме, во спротивно ако само така ми стојат без да има интеракција меѓу нас, ги бришам. Си правам такви генералки одвреме навреме. Јас веќе не додавам никого, само за двајца направив исклучок кои ги знаев а тие мене не па се запознавме после тоа. Но непознат да додадам нема шанси. Затоа листата на пријатели ми е мала но точно знам кој е кој. И да, сликите на кои сум тагната не ми се прикажани на мојот профил.
Тоа лесно се прави во Settings, па потоа Notifications. Но тоа не ти е баш мудра одлука, затоа што тогаш емаилот ќе ти биде бомбардиран од емаили од Фејсбук. Доколку целта за ова ти е да можеш да ги читаш пораките без да им направиш Seen на фејсбук тогаш има многу помудра опција за тоа.
Мислам дека не може никако. Ако се мисли на Unseen апликацијата поарно ич. И да се стави ofline т.е да се скрие пак се гледа дека е таму (1m) а тоа е уште поглупо. Мислам дека целта на прашањето е да не се вклучува воопшто на профилот или на месенџер, туку само "од страна" да ја види пораката што мислам дека е невозможно.На меил може да стигаат известувања дека има порака ама не и пораката, ај тинк...
Јас не би рекол дека сум чуден корисник како Битер-свит, туку нормален корисник. Исто и јас си ги избришав сите објави од порано, зборам пред неколку години. Слики од јадења, кафиња, чекирања и украдени статуси не ставам. Тоа што мислам дека треба да се објави - го објавувам. Фејсбукот ми е исклучиво за комуникација со луѓе кои се надвор од мојот град или држава. На фејсбук исклучиво имам само луѓе кои лично ги знам и познавам и не прифаќам други со кои сум немал контакт до сега. Без разлика дали е женско или машко. Моите објави можат да ги гледаат само пријателите. И не ми се јасни оние кои имаат јавен профил, односно сè што ќе објават е јавно. Тие според мене изиграваат некои „јавни фаци“. Многу ми е бедно кога некој ќе ископира статус од некаде и под постот фрчат коментари од типот: „Браво, така треба“, „Така е“ „Браво, брату“ и многу слични на овие.
Постои Google Plugin (доколку користиш Chrome) кој ти инсталира едно копче горе десно и кога ќе го кликнеш, не дава Seen на пораките кои ги гледаш. А ако стигнеш уште еднаш, ќе дава. Е сега, ако не сакаш воопшто да се вклучуваш на фб за да не покажува дека си била активна, тогаш ќе мора преку емаил. Мене чудно некои пораки ми стигаат на емаил, некои не. Ама не се замарам, и немам потреба од никој да се кријам дека сум онлајн или дека сум му ја видел пораката.
Пошо имам слични ставови со Mр. Рајт и Битер-Свит ќе го споделам и јас моето (не)нормално користење на ФБ. Го користам заради комуникација и брз пристап на информации. Иначе се ужаснувам кога гедам која фама се створи околу ФБ, какви содржини се објавуваат од корисниците како и колку се битни лајковите и шо све не се прави за да имаш мал милион од истите. Најмногу ме нервира шо ФБ се претвори како сајт за курви и манијаци, средство за наоѓање дечковци/девојки и нормално резултат на тоа е стварање на некоја си виртуелна реалност која шо нема никаква врска одкако ќе се одлогигаш од ФБ и преминеш во вистинскиот свет. Јас уште од 2012 имам ставено некаква си забрана за да ми се гледаат сите мои објави (ако не си ми пријател не можеш да ми ги видиш објавите) и стојат само неколку слики. Не објавувам никакви постови од типот на, утринско кафе, чек-ин, јадења и останати глупости. Слики преземам доколку сум тагиран, а притоа за секој таг треба да го одобрам доколку сакам да стои на профилот. Искрено ми се гади од целафа приказна околу фб, најмногу од тоа шо ти се губи приватноста, постојано некој може да те прати и контролира, доколку ти ги правиш сите работи наведени погоре Луѓето си ги заборавија и родендените заради ова срање ... најстрашно е шо добивам критика од типот: Зошто не ми честита роденден на ФБ? - Абе ти пишав СМС па ти се јавив нели, разговаравме 20 мин на телефон!?!?!? Не, тоа не се важи! На ФБ да ми честиташ да видат СИТЕ !! (ужас) Ако има нешто што створило толку лажни пријателства, тоа е ФБ дефинитивно !
Порано висев на фб. Правев се на фб.... Сега ја прочитав опцијата за деактивирање, а оставање на месенџер. Само прашање околу ова како можам да сум на чат и со други луѓе кои до тој момент не ми биле пријатели или нема врска? Знам чат пат да објавам слика од мене, тагнување на слики не ми смета воопшто (дал сум била уба или не), ама депак ми стој то за проверка. Многу често знам да објавам песна, а статусите ми се најголема реткост. Постови и слики од почетоците на фб - избришав ама си манав скриншот колку да се смеам некогаш. Имам слезено апп месенџер за на компјутер и од кога ја имам неа профилот така ми седи, едино месенџер користам. И уште едно прашање ако активирам само месенџер да користам, имам страна на фб за семинарски, ако ставам апп за менаџирање на фејс, ќе ми вади пораки од таму или сепак морам да го држам и профило?
Ако ја менуваш повеќе пати после не сака. И јас порано правев така, сега не сака и кај мене. Фејсбук издаица
И јас сум изгледа од оваа „чудната“ категорија На фб ми стојат видливи десетина профилни, тагираните ми се скриени а и чекирања мнооогу ретко ставам. Во последно време највише на фб седам на berlin artparasites, artidote и слични страни поврзани со уметност плус уште по некоја смешна, да не се тие и групите за факс што ми се потребни за информации слободно би го деактивирала Редовно само песни си споделувам (исто ко тука што не може максимум 2-3 дена да не стаам по некоја во музика ) и по некој арт од овие горенаведените страни што не можам да им одолеам А споделувањето на приватниот живот на фб и фамата по лајкови никогаш ниту сум можела, ниту ќе можам да ја разберам.
Како може да ми ги снема сликите на фб. Неколкупати го пријавив ова на фб ама сликите н е ми се вратија еве два дена е вака. Дали некој имал ваков проблем?
Да ги снемува не може, бар јас за тоа незнам. А за бришење може. Провери некој да не ти ги брише. Смени пасворд, стави појака заштита на профилот со број.
Сами ги снемува на профил само 4 се тука а пишува дека има 52 ама не се гледаат.. Никој не ми се вклучува на фб јас веднаш сменив пасс. Незнам што е