Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејсбук (Facebook)

Дискусија во 'Слободно време' започната од Shaila, 4 октомври 2011.

  1. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Ај некој ако знае да ми каже во што е проблемот што кај мене од десната страна над chat во home page не ми излегува кој моментално што прави односно кој лајка,кој постира нешто и сл.,ако некој знае да ми каже како е можно тоа да се направи.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Абре какво правење?! Па тоа што ти се случува со фб-от е благослов! :o
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    ^ е па ме интересира за некои одредени особи што прават моментално на кој што лајкнуваат,што коментари оставаат :)
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас еве втор ден деактивиран и не ми фали воопшто, малку ми требаше одмор од секаква информација, знам дека ќе го активирам епетен кога ќе има потреба да се сподели нешто, како некое случување или по потреба ако ми затреба некоја личност.. засега арно ми е..
     
  5. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625

    И мене ми е деактивиран веќе 5-6 дена. Непотребно потрошено време, се заситив од се и од сите. А највеќе се нервирам што дознаваш работи, што ете можеби не треба да ги знаеш а и подобро е ако не ги знаеш. Не ми требаат секакви непотребни информации.
    Она што ме нервира е тоа што преку него контактирам со одредени личности....толку сме навлечени сите на него, што секој друг начин на комуникација изумира. Плус сум во странство...ама, доколку му требам на некој постои скајп, маил, мобилен...

    Уште ова со тимелине... ако навистина се се враќа, и она што е веќе избришано.. no comment.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Тотално исто и јас се осеќав пред да го исклучам и тотално исто ми се случува тоа со пријателите.
    Додека го имав фејсбук, знаеа сите да пишат, да се договориме да се видиме и сл. а откако го исклучив, никаде ги нема! Имам и скајп, e-mail, мобилен па и домашен телефон, ама не, они не се навикнати да те воочат дека постоиш и дека си жив освен ако не си на фејсбук! :envy:
    Исклучок се само најблиските....
    И чудно ми е што преку фејсбук кога се договаравме за видување, луѓето некако спонтано прифаќаа, а сега ако им се јавам па треба 3 месеци однапред да им се најавам за да најдат време. А најстрашно е што имам пријателки кои ме откачуваат за гледање под изговор дека немале време, и ќе ми набројат причини како работа, факултет, па теретана и незнам таму што, а остатокот време наместо да излезат и да се видат со некого, со сигурност знам дека седат дома на фејсбук! Епа ова неможам да го сфатам!

    Деактивиран ми е веќе 4 месеци, но од време на време помислувам да го активирам само поради некои луѓе кои ми се потребни за комуникација, а немам баш никаков друг контакт со нив. Сепак добро ќе размислам.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    И кај мене истото,кузнае што сум изместила а сега па неможам да најдам....дај нека ни каже некој :$
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мене итно ми треба помош за фејсбукот.Неможам да се конектирам,ја пишам лозинката и не ми влегува на профилот,ја сменив еднаш и пак не одговара...
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Некои од пријателите веќе го активирале тајмлајнот, па видов како изгледа, интересно е кога ќе видиш некои стари постови, ќе се насмееш какви глупости си постирал :)

    Мене ме интересира дали откако ќе направиш Тајм лајн, ќе ти се појават и тие постови што некогаш си ги избришал?
     
  10. Wytney

    Wytney Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    А како се активира тајмлајнот?
     
  11. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.035
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да го активарам, има една страна Introducing Timeline, ќе ја лајкнам и следам упатства за активирање ама на последниот чекор ми бара код некој преку мобилен.Ај тие што знаат нека помогнат?!?
    :)
     
  12. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Нека не ви се брза.. После Нова година на сите ќе им се смени, сакале или не сакале.. Мене ми е терибл и хорибл тоа со тајмлајн. Па стари постови им гледав на луѓето и ако влезев во пораки. И целиот несреден е овој новиов, постови од лево, постови од десно, па огромна слика на средина ОФлеле. Да - само уште онакви спарклинг пораки да може да си оставаме и Hi5 welcome back!
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Ццц болесницииии!!! :fubar:
     
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Како да направам една одредена личност да не ми ги гледа постовите!?
    Итно ми е.
     
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Нови фејсбук поговорки:

    -Секој статус за три дена.
    -Мижи да те тагнам.
    -Волкот профил слика менува, ама табиетот не.
    -Гладна кокошка, Фармвил сонува.
    -Покажи ми листа на пријатели, ќе ти кажам каков си.
    -Убав коментар, железен профил отвара.
    -Петко уште нероден, има Ѕид.
    -Види му го профилот, суди му за умот.
    -Зад добар фото албум, прашина се крева.
    -Што на ум, то на статус.
    -Двајца се караат, третиот ги чита.
    -Пријателот во фејсбук се познава.
    -Ѓаолот, нит шернуе, нит лајка.

    :D :D :D
     
    На Rose96, Hipica, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Кај што ти е статусот ќе стиснеш на стрелката надоле, па потоа Прилагодено
    Откако ќе го направиш тоа, во правоаголничето каде што пишува Сокриј од ќе го напишеш името на личноста од кого што сакаш да сокриеш. Еве вака..
     

    Прикачени фајлови:

    • gdfgdfh-horz.jpg
      gdfgdfh-horz.jpg
      Големина на фајлот:
      24,4 KB
      Прегледи:
      106
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Јас нема фејсбук веќе една година и не ми фали баш многу. Добро, сега на моменти и ми фали заради познанства тука со девојките од форумот, заради информации, комбинации од факултет, ама ете ме, се привикнав и поубаво е вака. :)
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Си го променив и сега воопшто не ми се допаѓа ваков,кој ѓавол ме тераше :fubar: .

    Не можам никако да се снајдам а и кога ќе кликнам на тоа тајмлајн ми коче страницата и ништо не ми се гледа.
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Го снемив тајмлајнот и не ми е до толку лош бе! Добро, можда изгледа малку понрепегледно, ама сепак постовите си се по ред наредени. Е сега ако кликнеш на 2009 ќе читаш, ако не-не читаш!
    Ништо не избришав од порано зашто тоа сум јас, тоа сум била јас.. Зошто да бришам?!
    Единствено што ми копа очи е огромната слика на сред екран! Доволно е профилното сличе, ако сакам поголема ќе ја отворам ќе ја видам! А вака, сакала нејќела ја гледам...