Лично не. Ама секој може да направи профил со твоја фотка и да споделува во твое име. Веќе и одат на правење профили со општи слики ништо лично oсвен име и презиме. Инаку ме интерсира зошто толку таа поттреба се да се постира? И не мислам дека ете кој знае колку штедам време ако не постирам ама немам потреба од тоа да сликаm селфија по вецинја по ресторани и останато.
Затоа што убаво ми е после една, две, пет години да ги разгледам сликите и да видам што сум правела, како сум изгледала и со кого сум поминувала времето. Затоа што за помалку од минута можам да споделам со некој и да се потсетиме на некој момент. Затоа што е брз, едноставен и достапен начин на комуникација. Слики од вециња и јас не постирам. А што ако некој направи профил со твоја слика? Знаеш дека можеш да го пријавиш?
Знам,ок ете фино објасни какви се твоите навики на ФБ и поштувам твое мислење. Интересно гледишто што јас пак не го делам со тебе,ама поштувам разноликост и сакам баш секој да си пише од кој причина што прави на свој ФБ. Благодарам за мислењето и одговорот тоа барав и се надевам ќ е заживее темава.
Ех, малку ли има примери за злоупотреба на слика. Си земаат, си објавуваат статуси со твоја слика а ти појма немаш. Или уште полошо земаат твоја слика и ја ставаат на порнографски сајтови. И јас лично познавам на девојка што си и ја превзеле сликата и си објавуваат 300 објави исто како да е таа. Нормално ги пријави ама ете дека постојат примери.
Профилот кој го имам го имам повеќе од 5+ години. Порано многу често седев дури по 24часа и така имав неисполнето време. Сега немам толку време и чат пат споделувам слики, период ќе ми се здосади и ќе немам објава, период пак ќе објавувам нон-стоп. Друго имам роднини кои се по странство па тие сакаат да споделувам слики за да доловат некој впечаток. Така од дипломската вечер споделував многу моменти. Профилот не ми е јавен, сметам дека немам потреба од тоа, не преферирам да имам над 1000 пријатели и не прифаќам секој. Инаку ти можеш да си излегуваш со пријателите, немора да сликате ако не сакате...се е индивидуално. Слики од вециња немам.
За злоупотреба памтам случај на мајка која се породила во некоја болница ама тој период на ФБ разгледувала/лајкувала и др.болници. И случајно откако близнациве наполниле 2или 3години ги нашла на ФБ профилот на некоја од болниците што ја лајкнала како објавиле дека пред извесно време таму се родиле тие близначиња. Значи секаква злоуптреба има. Во последно време другарки остварени како мајки од моја генерација не објавуваат целосно слики од бепчето само раче, ноџе или нешто бебешко.
Точно некои објавуваат само рачиња ама додека наполни 2-3 месеци бебето, а после пак цело го оставаат. А некои има бетер, па уште не излезени од болница го сликаат бебето. Јас лично скоро воопшто слики не обајвувам. Го имам искажано мојот став околу фб и не ми се променил. Го користам често, не викам не, ама само за допишување. Ретко, многу ретко се означувам само ако ми се свиѓа некое место, инаку ништо. Многу ретко и профилна менувам. Некогаш ме означуваат, па некои ознаки прифаќам да ми се гледаат на ѕид, некои не. Во листата на пријатели, може има и некои што не ги познавам, ама ако ги приметам, ако ми се сомнителни ги бришам. Ако сакам да споделам слика или настан со некој близок, му пишувам приватна порака.
И јас бришам непознати или некои што минале години не контактираме него си фаќаме простор онака чисто ко бројка на пријатели, што ич не ми значи. Инаку имам точно 100. Баш и една научна студиј вели најреално е да имаме од 100-150,толку мозокот може да ги обработува и прифаќа како пријатели/поблиски познајници/роднини друго се е глума.
Јас слики на фб немам само профилна ставам, некогаш и немам.Коментирам лајкам чатувам.Здосаден е веќе.За чек ин има Swarm а за сликање храна Instagram..
Здраво,како да направам да ми пишува т.е. да ме известуваат дека сум блија најавена од одредено место, пр. во близина на Штип... и дали може само со код да се најавам што ќе ми стигне на мобилниот, без кодот да не можам да се најавам/? Или некоја втора лозинка,место код што ќе ми стига на моб. или втора е маил ?
Дали ако додадам една личност, таа ми го игнорира барањето за пријателство е дали може истата таа личност потоа мене да ми прати барање за пријателство?
Да прашам едно малце глупо прашање Оние пријатели што ми ги дава кога ќе појдам на мојот профил во friends нели имаш 9 пријатели тие најмногу ми го имаат гледано мојот профил или ?
Имаше една апликација на фб, My Top Fans се вика, не знам дали уште постои, ама таму можеше да си видиш кои пријатели најчесто ти го посетуваат профилот. Побарај во Search.
И кај мене со месеци стојат истите. Еден можеби се менува на извесно време... Јас некако помислив дека нивните профили највеќе ги гледам, највеќе им лакнувам... Нешто во стилот дека највеќе комуницираме на фејсбук со нив ))