Немам ништо против фејсбк Да не беше он,фамилијата на мажот ми немаше да ја видиме,сега одиме и кај нив,во Србија Братучедите не се имаа видено 30 години,од кога биле мали деца Имам и пријатели и роднини кој се сега во Австралија ,Англија и во Грција и Шветска,забаравив Се на се,го сакам фејс.
На компјутер имаш опција одма под сликата за да не ја сечиш, од таблет сум неможам да ставам слика ама пиши како мал линк да не се сечисликата и после само местиш кој дел од сликата да се прикажува во квадратчето ама откако ќе зачуваш ја става цела, несечена. А како оди за цела слика на таблет зошто од таблет и телефон неможам да се снајдам?
Не знам, мене , кога ќе ставам нова слика, автоматски самата ми иде како профилна, не ме прашува дали сакам да сечам или не.
@theunforgiven да не зборам на памет, еве за на компјутер, ко веќе сум тука да клам сликчиња: И од ко ќе прицниш таму, вака излегва:
Мислиш на пратени слики? Од твоја страна можеш,има опција избриши порака и само таа ќе ја избришеш,но кај другата личност ќе стои освен ако го знаеш пасвордот па и од таму да ја избришеш
Девојки кога пробувам да се логирам од ком, го пишувам пас. и не сака да се вклучи. Си стои пак така само маилот, а местото за пасв е празно. Во телефон ми е останато се запомнето и само треба да кликнам на профилната и автоматски се логира самото. Ама проблемот е што сакам да си го деактивирам профилот, и штом отидам во сетингс ми се појавува Facebook authentication failed која е прчината? што можам да направам?
Фејсбук е несоцијална мрежа за будали, манијаци, воајери, оговарачи, луѓе кои немаат никаков живот па се интересираат за туѓиот.
Woooow... не знаев дека милијарда луѓе во светот сме вакви ко што нè опиша, посебно па манијаци Девојко, you desperately need some positive energy... ај чил аут малце
Не е во ред ваква генерализација. Ако ти не користиш сигурно користат твојот брат/сестра, мајка/татко, братучед/братучетка... И тие се будали ?
Користев се додека си сфатив дека интимноста почнаа да ми ја "злоупотребуваат" некои луѓе(ја дозволив). Тие некои кои ме додале колку само да пратат што се случува. Сум завршила фак, ме побарал дечко, ваму сум била, онаму.... Чекај, што има сите да знаат ? Си го развртев едно 100пати прашањево у глава... Стигнале и до степен на гробишта на погреб да зборат како ќе сум се мажела... Аман прости луѓе. Така да , се согласувам со @Готичарка . И ја сум ѕирнала сакаајќи или несакајќи. Сега ми стои активен без слики, чисто за комунимација. Ретко го користам. Фб ко шамарче ми дојде, за понатаму да знам што правам на социјални мрежи .
Во моето семејство никој не користи фејсбук затоа што е глупост. Треба да си многу ненормален или пак некој очаен за да цело време ти поминува на мрежа која ти ствара илузија дека имаш пријатели а во стварноста ги немаш, која се повеќе и повеќе ги оддалечува луѓево отколку што ги зближува, им набива еден куп комплекси на луѓето и психички ги пореметува.
Никој не спомна цело време да ти поминува на мрежа ко што викаш ти. Тоа и според мене е болест. Збориме за разумно користење, што би подразбирало скриени лични информации и слики од тие кои не ти се пријатели, потоа јас ги имам лајкнато сите страници за дневни информации па така за 5 мин. со само едно скролање ги дознавам најбитните вести од светот и кај нас, комуникација со луѓе на далечина... Се е убаво кога се користи со мерка, не за џабе рекле златна средина. Ако си така строго ограничен, значи не чини ни Скајп, ни Мејл, Инстаграм и Вибер ич да не ги спомнувам? Фемина Форум исто не ти се фаќа, зараза и `ти ствара илузија дека имаш пријатели а во стварноста ги немаш`?