ве молам за помош инаку јас покренав постапка пред 20 тина дена за трајно бришење на мојот фб профил. при тоа требаше да чекам 14 дена . поминаа и тие 14 дена ама немам никаков знак дека ми е избрисшан профилот, мислам профилот го нема ама се е исто како и кога би бил деактивиран. јас меѓувреме не се вклучував воопшто амаа гледам од разговороите со пријателите се ми стојат не делува дека трајно е избришан профилот. дали знаете како и кои карактеристки се кога го бришеме профилот трајно и дали има опциии од кај пријатлите да ги нема пораките со нас т.е разговорите? ви благодарам однапред
Како да направам на фб да не им покажува на моите пријатели пред колку време сум била последно уклучена ?
Нема таква опција, има едно да направиш да не те гледаат дека си онлајн, ама цело време им покажува дека си била пред една минута. Мислам дека треба малку да поработат на ова.
Баш сакав да прашам како некој цело време покажуваше пред колку време е бил укл. денес нема ништо не покажува ни од телефонот кога се уклучив не покажуваше ниту од ком. некој да не знае до што може да е проблемот дали може некој сам тоа да го направе или нешто е дефек?
Здравоо да ве прашам нешто . Кога на ФБ ќе ставам/објавам нешто во Add my day, нели тоа стои 24 часа и после автоматски се брише. Ако на пример некој ми коментирал на објавата и јас му возвратам, дали таа личност која на пр. нема да се вклучи на фб во следните 2дена, ќе може отпосле да го види мојот одговор? Дали сеуште ќе и стои известувањето дека сум и одговорила? ?? Се надевам дека објаснив убаво.
Ако те разбрав добро, мислам дека да... Реакциите на my day, а и тоа што си одговорила идат во четот на мсн, па таму секако сите пораки стојат.
Што е финтава со следбениците на фб? Тие што не ги прифаќаш за пријатели, ти се рачунаат како следбеници? Некој има 14, а некој 789 следбеници....Овој што има 789 следбеници, всушност толку покани за пријатели има? Или нешто друго е во прашање?
Да Уствари и сите пријатели автоматски те следат (освен ако ти кликнат unfollow за да не гледаат твои постови на почетна без да те избришат), ама тој број на followers се тие што не си ги прифатила.
А тие можат да гледаат што објавувам, што лајкувам или споделувам? Или само така називот им е -следбеници-? Јас знам дека кога следам некоја позната личност, ми излегуваат објавите на ѕид, ама не знам за обичните луѓе како е работата
Пааа не сум сигурна ама мислам дека само тоа што ти е на public може да го гледаат, како и сите останати што не ти се пријатели
Не, следбеници можеш да имаш ако го овозможиш тоа на профилот и после кога некој ќе ти го отвори профилот ќе има копченце follow и ако го кликне ќе ти стане “следбеник“.
Не е за инаетење. Туку кога ке ти стисне некој follow оди во следбеници, тоа да. Но исто и неприфатените покани за пријателство одат во следбеници освен ако не им стиснеш delete или да ги одбиеш. Знам за што зборувам, имам поголем број на следбеници од кои само дали десетина ми имаат стиснато follow за што стигнува нотификација. Оние што ви се следбеници можат да ви ги гледаат оние постови што ви се на public наместени.