@EvAngelos да не ја игра уште? Којзнае до колкав high score стигнал досега Јас неколку дена бев скроз заразена, после ја баталив малце, ептен е прокрастинација Уште ми стигаат пораки на мсн али само по некоја партија играм Многу сте сите јаки бе, јас 753 само
Највисокиот рекорд никогаш не се бриши, мислам дека стои во all time, а од 0 дава секоја нова недела како нов weekly tournament.
Во последно време ич не користам ФБ. Прво размислувам да го деактивирам за да се оттргнам од него. Некако ми здосади, шо знам... Не ми се замара со глупости, а сите објавуваат нешто. Кој кај бил, како бил, шо бил... Па од такви информации снемавме нормален, социјален живот, бре! Наместо да се замарам со тоа, подобро да сурфам на интернет и да гледам и читам нешто корисно.
Бравоо! Мене ми ја отклучи Arcana таа со илузиите и појачана ми е со најмногу damage 50, па ако успеам да си го пробијам рекордот ќе пишам.
Дечки,сакам само да прашам кога некој е на лајв на фб и потоа кога ке го зачува лајвот и кога ке го уклучиш да го гледаш дали му стигнува известување? Знам дека е глупаво прашањево.
Кога ќе ми дојде известување: -Доби предлог за нов пријател...кој ми го праќа тоа известување? Некој заеднички пријател? Од фб? Од самата личност? Може некако да се види?
@JollyGirl Самиот Facebook испраќа такви предлози за пријатели врз основа на заеднички пријатели кои ги делите со тој "пријател", информациите кои сте ги ставиле на вашиот профил (пр.: за работно место - "пријател" кој работи на исто место како вас; за вашето образование - "пријател" кој одел во истото школо како вас или завршил на истиот факултет) или врз основа на контактите во вашиот именик во телефонот. Ако ништо од ова не ве поврзува со таа личност, веројатно сугестијата ви е испратена затоа што сте се означиле на исто место како личноста, во смисла на локација. Доколку сакате да го спречите ова, променете ги подесувањата за локација во Settings или не се логирајте на Facebook преку апликација туку преку browser. Најверојатно се испраќаат предлози за пријатели и за личности кои сте ги пребарувале во search. Доколку некој конкретно ви испрати сугестија за да додадете некој пријател, го пишува неговото име во известувањето, на пр.: "А ви испрати предлог да го додадете за пријател Б".
Мене такво нешто ми се нема појавено во известувања. Ама нели ако некој пријател те предложи го дава и името на тој што те предложил?
Дефинитивно, @buba4e89 . Пример јас кога би ти предложила пријател би ти стигнало известување: Кена Рис ти предложи да бидеш пријател со Н. Н. И има опција дали сакаш да прифатиш да го додадеш или не.
@buba4e89 Ако мислиш на оние што стојат од страна на Facebook над кои пишува Suggested for you, тие самиот Facebook ти ги предложува да ги додадеш бидејќи анализирале дека имате заеднички пријатели, делите исто работно место или школо, или пак сте ги пребарувале или сте се означиле на иста локација како нив (град, бар и сл.). А ако ти предложува некој конкретен пријателство, стигнува известување како она погоре што го пишав.
Јас мислам дека кога ке добиеш нотификација тогаш некој твој пријател ти предлага да го додадеш, ова најчесто кога некој има нов профил. Ако си забележала People You May Know (веднаш под она кај што пишува кој слави роденден) е тоа се предлози на фб, како што кажале погоре, ист факултет, повеќе заеднички пријатели, ист локал сте посетиле итн.