Дали има и некој друг проблем со Фејсбук? Од вчера само истите објави ми ги покажува, и што и да кликнам вели check your connection а интернетот си е ок се друго ми функционира нормално.
Како да променам за тоа кој гледа на профилот мој шо постирам ? Сакам пример неколку да не гледаат....фала однапред
Има опција посебно за секој пост, во Edit privacy па Friends except.../Specific friends. А во полето за објавување нови ствари (what's on your mind) ако наместиш скриено од одредени луѓе, после тоа автоматски така ќе ти ги мести наредните објави, освен ако не го промениш пак самата.
Прашањето можеби не е за овде но пак ќе прашам На фб ми излезе една страна за колби ланчиња со имиња какви сакаш да ти направат.Е сега сакам да нарачам ама не ми излева страната ако некој знае слична или истата таа нека даде линк
https://www.facebook.com/Gevgelija-301131456657796/ Ако може да пријавиме во поголем број, катастрофа е ова што се случувa со млади девојчиња.. сељачиштава крадат слики од фб ги ставаат на странава и манијачат.. оф што се видов, греота и жално родителите треба почесто да ги контролираат младиве штоприкачуваат по нетов. Патем пролистајте нe дај боже може ќе видите некој познат.
Баш ја погледнав страшно може некој тука од нас да се најде на таа страна Пријавено е ,се надевам дека ќе биде избришана
И јас пријавив се надевам ќе реагираат брзо.. викам да споделам и тука кога имА поише пријави ваљда побрзо ќе реагираат.. ужас
Да паметно си направила што си шернала и тука. Читав и коментари на слики и се тоа е грозно манијачишта ..за таквите само стрелање на плоштад
@orevka Примети ли постари луѓе на слики од млади деца можат внуки да им бидат... Да не бидам офф топик али отварам фб и секојдневмо читам се поголем број на полови напади од старци на деца.. мајко мила :'(
Да да приметив на слики од девојчиња пример 13-14 год коментират мажи од 40 год па нагоре страшно и гнасно...тој што ја отворил таа страна треба во затвор да оди болесник. Да секојдневно читам полови напади на малолетни девојчиња мислам дека минатата недела во карпош еден стар и се пуштал на девојче и викал да ја носи во хотел...болен! Имаше по цел фб за овој човек дури и некој успеал да го слика. На форумов имаме коментирано за вакви напади .... џабе кога во земјава нема закони
Зошто вака во последно време ми покажува вишок нотификации пред да се најавам? Кога ќе кликнам немам ништо ново на профилот сега. И на Инстаграм (бидејќи ми се поврзани акаунтите) нели десно кога ќе повлечеш на крај има Open Facebook, е до него на пример ми пишува бројче 5-6 кога уствари на фб во моментот имам една нотификација и една порака...
Специ и кај мене е вака. Ми покажува една нотификација плус и цело време мислев дека нешто промашувам ама ништо не се појави Може е трик за почесто уклучување
Луѓе имам проблем со messenger. Од вчера не ми излегуваат chat heads, стигнува само нотификација. Горе ми пишуваше потоа chat heads unavailable и као повторно ќе излегуваат кога ќе направам update. Денес направив update, но џабе, повторно не излегуваат. Ако знае некој во што е проблемот и што да направам нека пише