На мејл можеш да добиваш само известувања дека некој ти пишал на Фејсбук, но не и содржината на пораките.
Некој да ми каже како можам да ги избришам тиа известувањата од пријателите што објавуваат на стори за фб ве прашувам
Како се чувствуваш? Или ли некои промени во твоето расположение? Дали те тера од внатре пак да направиш фб? Се мислам и јас за истото па да прашам како си прошла до сега?
Супер ми е, не планирам нов профил. Пробај, ништо не губиш, можеш само да добиеш. Немам ни инстаграм, планирам детоксикација од социјалните мрежи. Верувај,прејако е.
Ме иритира, особено што мораш на мобилен да симнуваш две апликации. Да завршам факс и сосе вибер бришам.
Го има ли некој од вас овој проблем ?? Не знам зошто имам пр. 15 известувања и кога ќе се уклучам немам ниту 1. Ги проверив и message requests немам ништо исто, пораки немам непрочитани, исто notifications.... Двапати им пишам на support дека имам ваков проблем и не го решиле.
Ама е грда новата верзија на фб на pc,ми стигна вчера апдејт, многу некако е испомешано и непрегледно. Што им требаше ова,баш супер си беше старата верзија. Со секој нареден апдејт, се нешто расипуваат.
Во последно време ми стигаат многу понуди за пријателство ... Ми беше деактивиран и го активирав и еве веќе недела ипол секој ден ме аднува некој и тоа и некои со кои немам заеднички пријатели хахаа што е финтава.. Му се случило на некој/а??
Исто. Јас не го деактивирав, но во последниве неколку дена ми стигаат по неколку понуди на ден. А се случувало и со недели да немам ниту еден.
Никогаш не ми бил деактивиран, ама се случувало некогаш на ден да имам по 30 понуди, ретко некој со кого немам заеднички пријател. Ама има и такви со лажни профили со слики од глумци, или некој си манекен, а немаат ниту пријатели, ниту објава, само кога е направен. Ништо од тоа не прифаќам...