Здраво, дали знаете зошто фб ми е блокиран? Како избришан го дава? Истово им се случи и на некои пријатели. Што е проблрмот?
Не знам во што е проблемот ама во последно време многу фејзбук акаунти ги блокираат. И јас познавам два-тројца што им се случи тоа.
Обично тоа се случува ако профилот не одговара на Community Standards со правилата за употреба на фејсбук профилот,можеби ако некој бил пријавуван на Report User копчето горе на фејсбук профилот или ако постирал несоодветни содржини на профилот или ако пораките што ги пишувал на некој или на повеќе други негови фејсбук пријатели биле пријавувани како вознемирувачки или на друг начин несоодветни,а понекогаш дури и одредено шегување преку пораки или постови на фејсбук може да биде сфатено погрешно од страна на некои пријатели на фејсбук,па истите тие да бидат пријавувани и оценети како несоодветни од страна на администраторите на фејсбук,па затоа доаѓа до блокирање на фејсбук профилите од страна на администраторите на фејсбук.Мене ми се случи тоа вчера да морав поради блокираност да го избришам од пријатели еден којшто е познат по закачки и расправии преку пораки на фејсбук,а порано ми биле блокирани профили на едни фирми што сум ги имала во пријатели на фејсбук,исто и на едни странци.Така што,јас ти советувам да поминат 30 дена,па со нова имејл адреса направи нов профил или обиди се со старата да направиш нов профил со нов никнејм на фејсбук,види која од овие две варијанти повеќе ти одговара или,пак,која ќе ти ја прифатат повеќе администраторите на фејсбук.
Девојки и дечки, ве молам најитно за помош Како да симнам слики од група на фејсбук во која сум член и која има илјадници слики? Со оглед на бројот на слики една по една е невозможно... Дали знаете начин да ги симнам сите наеднаш со тоа што сликите не се организирани во албуми туку се сите заедно во photos? Многу благодарна ако ми помогнете
Феминки како можи да се деактивира фб привремено ? Но не да го покажува месенџерот како можност да ми пишуваат ?
Зошто на месенџерот не ми покажува пред колку време биле уклучени контактите? За ниеден контакт не покажува, само кога се уклучени зеленото кругче. Не сум чепкала ништо по опциите.
Ај некој што знае нека ми каже Кога некој ти испраќа покана за фб пријателство, ако не сакаш да го прифатиш нормално ќе ја избришеш понудата, ама мене ме интересира како се прави истиот тој да не може пак да ти испрати покана за пријателство? А да не го блокираш. Да може пак да му се покажува твојот профил, ама без можност да те додаде за пријател. Вајда ме сфативте И ако се предомислиш како се враќа опцијата тој некој пак да има можност да те додаде?
Мислам дека имаше ограничен број колку пати може да ти понуди пријателство или да те одбие, ама не сум сигурна.
Има опција да направиш да не те додаваат луѓе без заеднички пријатели, а инаку мислам дека постои ограничување колку пати можи да ти прати понуда некој ако го одбиваш.
Имаше порано таква опција, сега нема Едноставно игнорирај ја поканата и таа ќе стои само, не стискај ништо.
Здраво, фејсбук неколку пати ме одјавува секаде каде што сум најавена и тоа најчесто преку ноќ се случува, па кога ќе станам сабајле јас сум одјавена, во што е проблемот, дали некој ми го хакнува или ... ???? Инаку имам поставено и двојна проверка па сега за да се најавам и да добијам код чекам веќе 20 мин ... ова нешто ми смрди ....
Само кај мене ли не се праќаат пораките на месинџер? Сегде можам да пратам океј ми е интернетот освен на фб
Сега забележав исто е и кај мене. Ни активен статус не се вклучува а не е до вифито бидејќи и на интернетот од телефонот исто е.
И кај мене е исто. Ама пробав да пратам порака и иако нема delivered sign, пораката стигна кај другата страна.