Не можеш дирекно на профилот, ќе мора да почекаш да постира нешто и после на трите точки од десно ќе ти се појави опцијата.
Оди на профилот на личноста, под името десно имаш три точки, оди на нив. Потоа кликаш каде што пишува "friends" или "пријатели" веројатно ако ти е на македонски. На тоа првата опција е unfollow. Тогаш нема да ти се појавуваат објавите на таа личност на почетна а сепак ќе сте пријатели.
Ајде едно прашање.Дали е во ред според Вас партнерката (не сопруга) да инсистира да те запознае со нејзините колешки или другарки и пријателки но кога се дружиме повеќе од еднаш сме излегле или слично на кафе или што те знам паѓа муабет за фејс. Еве јас да не преудицирам нема да го кажам нејзиниот став да не излезе премногу конзервативна или премногу либерална но ме интересира дали вие би се бунеле ако партнерот и ја адне на фејс.
Овие три дена цело време ми стигаат понуди за пријателство. Дури чудно ми е веќе и ме нервира. Сменив презиме пред некој ден, па дали заради тоа сум стигнала во предлози, ме аднуваат луѓе со кои имам заеднички. Дали вас ви се случило?
Дури си помислувам некој да не ме објавил негде (иако секако нема што), ама чудно за три дена околу 30понуди што не ми е нормално.
Дали и вие имате проблем со месенџер во последно? Не излегуваат chat heads, пораки не стигаат на време и сл. Апдејт направен, пак исто.
Да и кај мене е исто. Дури се чудев дека имам нова порака, а не ми стигна известување. А вчера исто така приметив некои пораки подоцна ми стигаат и кога веќе сум ги видела отпосле имало уште нови пораки. Ќе направат нови ажурурања, измени и после вака ќе им излезат проблеми со апликациите.
Додека скролам ми излегуваат сториња, некои по неколку пати. Има можност да го тргнам тоа? Некои ми се појавуваат по неколку пати, кој знае што си мислат луѓето.
Ист проблем и кај мене, веќе подолго време е вака. Дури и понекогаш се нервирам зошто немам одговорено на некоја итна порака затоа што ми стигнува после 2-3 часа.
Кај мене не е во ред уште, ама изгледа е до тоа што се апдејтираше системот на телефонот. И не знам до кога ќе е вака.
Предложете интересни фејсбук страници за следење, се работи за постара личност. Значи смешни слики, македонско- југословенски страници, интересни видеа...