До пред некое време кога ќе побарав еден профил во search bar, ми излегуваше профилот а сега во последно време не. А се' уште постои, не е деактивиран. Да не има нешто направено забрана за пристап до профилот?
Доколку кај други излегува а кај тебе не тогаш те има блокирано. Ако не излегува кај никој тогаш го има деактивирано.
Излегува кај мене, ама пример ако го најдам преку лајкови или некаде каде што е тагиран профилот. Така ми го отвара, ама директно кога ќе го побарам во search bar го нема, а до пред некое време го имаше.
Кога ќе го напишеш името на страница и одиш ентер, провери да одиш на делот "страница". Таму нели има 'сé, луѓе, групи, настани'...епа по накрај има страници. Да видиш дали така ќе ти се појави?
Не искача никаде, ни во people, ни во posts, само некои други што тагирале ама лично од тој профил ништо.
Дали е можно да те дава активен постојано на фб, а да не вртиш нит на фб нит на месенџер, доколку ти е укл 3г. Другарка моја се испокара со бившиот зашо као демек многу работи по 15часа у денот али нон стоп е актив. У денот дали 2-3 пати знае да се изгаси на 10-15 мин. И сега не знаеме дали стварно само тогаш работи или па тогаш го гаси интернетот па затоа го дава офлајн. Испробувавме една со друга дури и на what’s app да седам а да не пипнам 10 мин фб или мес, одма дава офлајн.
Да, на една другарка така ја покажуваше цело време онлајн пред 2 години. Не знам до што беше работата, кога купи нов телефон после немаше таков проблем.
Дали сте приметиле нагла промена на фб од последниов апдејт? Од вчера до утринава имав преку 20+ пристигнати покани за пријателство.
Што како сега со актуелната тема што паднаа фејзбук, месанџер, инстаграм и What's up? Што е проблемот, кога ќе се врати во нормала? И најбитното како се справувате без нив? Ако ова не припаѓа овде ставете го во соодветна тема?
Камо да се спасиме од нив. Сега читав коментари, некои пуштиле гласини дека немало да проработат. Ама не им е прв пат вака.
Не знам дали е точна информацијава, но поради хакерски напад бил прекинот. https://press24.mk/ova-e-otkrieno-p...forum-se-prodavaat-podatocite-na-15-milijardi Дали само мене ми кочи сега и фемина?