Ајде да претпоставиме дека ни Фејсбук ни Инста нема да се вратат. Како би се справиле со ситуацијата?
Мислам дека ќе се вратат. Но секогаш постои можност и да грешам. Ако не се вратат, мислам дека ќе се префрлиме на друга платформа, но нема да биде исто. Мислам дека многу луѓе тешко ќе ја поднесат „загубата“.
Инста немам, Фб користам најмногу заради контактирање со блиските. Ништо страшно, ни ми фали ни па ќе ми смени нешто, има начини за комуникација.
Кај сестра ми вооошто немало проблем со апликацииве, кај мајка ми само кратко, и двете се со андроид телефон. Кај мене уште не работаат, на ајфон.
Точно, и јас со најблиските си контактирам по телефон или на други начини. Ама сепак мислам дека ќе се осети недостатокот на овие две социјални мрежи. Ако ништо друго, нема да имам што да скролам кога ми е досадно
Хахаха Мене баш добро ми дојде. Малце да ми одмори главата од ФБ и инста, а и дека за американска фирма работам само преку WhatsApp комуницираме, и од таму ми одмори главата Лошо е да сме до толку зависни...
Исто. Ми кочи фемина. Кај дм немаше вифи едно време,а јас имав најнормално. Инаку,тик ток функционира.