Да се фокусираме на ЈуТјуб дури има туторијали за нешто да поднаучиме. Ако падне ЈуТјуб не знам, лошо. Мислам мене ништо не ми значат мреживе, ама можноста да падне ЈуТјуб во неповрат ме загрижува. Мислиш во секој момент ти е нешто достапно, и го одложуваш за утре, задутре...и така
Нормално дека ќе се среди, нема шанси да го бутнат фб, а со тоа и инста. Само што се дрпнати еден куп информации од еден куп луѓе... Иначе, фб го користам само за да пратам што има по маркети и општо вести/информации, немам намера да одам по портали. А инста користам и за комуникација и за инспирација, пратам доста интересни профили со уметност, култура, архитектура, итн. Не дремам кој знае колку на мреживе, ама штом ги користам, значи имам корист од нив. Ама реално, и да ги угасат фб и инста, утредента друг ќе направи друга мрежа и пак ќе користиме исто срање во друга форма. Сè додека има нет и уреди, ќе има и социјални мрежи. П.С. Не се ни заебавајте околу Јутуб, пу, пу, скраја да е. П.С. 2 И мене ми кочи Фемина, фатдафак
Да не беа Јутјуб и Тик Ток не знам што ќе правев сега. Пуста зависност. И на Вибер ми е екстра глупо за допишување ама кога нема избор. Барем се најде прилика да го отворам виберот конечно, прашина имаше фатено.
Камо среќа да не се вратат.Преку таквото веќе од се буквално.Сигурна сум дека во голема мера ќе се врати животот во колосек .Сепак како и да е тоа е практично невозможно.. Ќе го средат проблемот тоа секако . Еве лично јас не сум некој зависник ги користам но умерено, но знам мои блиски кои се буквслно зависни,само кога спијат не се на мреживе. А доста голем дел посебно жени што се исфрустрирани поради разно разни причини од инста итн. Осумдесет посто од нив се прикажуваат во нереално светло - во живо збрчкани ко крпи а на инста со глупите филтри како бебиња измазнети.. Веќе ни сами себе не можат да се прифатат какви што се ..
Пред скоро време после долг период си го вратив инста и се решив денес слика да ставам. Oh well... Ај нека не ги враќаат никад.
Пишав и во СДК, ова е масло на фемина, за да се искачи како гигант на светско ниво и сите да се префрлат на фемина четот!!! Така се почнува, прво фб, па инста, па whatsapp, па утре и другиве медиуми. Зад сето ова администраторите на фемина стојат Се извинувам за спам, досадно ми е
Замислете сега и Netflix да падне и смак света Мене Јутуб ми е најсветата платформа, таму ми е јогата, таму ми се туторијалите, емисиите за тепање време и секако песните
А да симнеш нешто од ЈуТјуб е скоро па невозможно, тоа ти е, адикшн енфорсмент. Ај напиши во тефтер вежба за јога да те видам Јас па, без видео туторијал шо незнам торта да напраам, кај ми е крајот Ништо, од утре све во тефтерче PS- со повеќе од 2200 јузери на фемина- сајтов капут. Со 2100 нешто- тера