После секој апдејт ја усеруваат. Мене ми работи Инстаграмот ама споро се праќаат пораките, и доле ми искача едно дека не може да се отворат пораките и ме нервира
Мене често ми се случува да не ми стигни порака дури не ја отворам апликацијата. Инаку брзо проработеа, ама пак си има проблеми.
Неделава немам играно дека колоквиумска ми беше, ајде утре ќе се пуштам да поиграм, сега послободна сум
Девојки дали знае некоја зошто моите објави на Фејсбук не излегуваат кај сите дека сум објавила нешто?
Може некои од тие сите имаат 5.000 пријатели и не им излегува често од твоите објави. Или следат некои страни па прво тие им излегуваат. Или па те имаат ставено на игнор, што и не верувам.
Објавите од пријателите ни излегуваат почесто ако сме повеќе во интеракција со нив (лајкови, коментари, тагови на заеднички слики, четување) а помалку ако не сме, или евентуално ако твојата или нивната објава е меѓу најпопуларните со повеќе реакции. А може да е и бидејќи те имаат отследено (без да те избришат од пријатели) и тогаш твоите објави не им излегуваат на почетна, туку само ако појдат директно на профил можат да ги видат.
Во settings and privacy, па во settings и на крај reaction preferences. Имаш две опции, да не се гледаат твоите лајкови и втората, да не ги гледаш ти на другите.
И кај мене. Кога ќе отворам стикер или гиф, кочи и не се праќаат пораките. Вака е веќе три дена, а нема update.
А кај мене е вака: Пишувам порака и нели има стрелка да испратиш порака,магично ја снемува пораката ко да не сум ја напишала.
Дали денес имате проблем со најавување на фб? Мене ме одлогирал фејсбукот и сега си го внесувам пасвордот и ми вика дека ќе ми прати на бројот код за да влезам, ама код никако не праќа.
Сликите што сум ги праќала на месенџер во details некои се отвараат но повекето не, кај вас??? Чаре???
Исто и кај мене е. Ми помага скролањето низ четот полека да се отворат скроз сликите ама во details некои од поодамна пратени не можам да ги најдам. Се утепав од барање 30мин низ чет на нешто што ми пратија и ми беше битно да го најдам, но иначе не се исплати да се губи време. Не знам зашто е вака, нов проблем е ова.