Оф, тогаш стварно имаш проблем со апп. Пријави проблем, може ќе го решат. А, може и некој bug им е деновиве, гледам цело време закочува, изгледа некој апдејт ќе има...
Дали можам некаде да видам на кои пријатели имам испратено понуди за пријателство, што не се сеуште прифатени или одбиени?
Да од пц има опција кај барања за пријателство што имаш добиено да кликнеш и на едно за барања што ти си ги испратила. Од мобилен немам видено да ми излезе таква опција...
Дечки месинџер си има пак некој проблем од време на време но сам се средува, Дарко Влогс на инста имаше објавено така да нема reason for panic .
И на мобилната апликација постои опцијата да ги видиш понудите што си ги испратила. Оди во Friend Requests -> во горниот десен агол стои See all -> притисни на трите точки (повторно во горниот десен агол) и тука треба да излезе опцијата View sent requests.
Не постирам ништо на Фејсбук, само користам месинџер и се уклучувам на апликацијата да речеме еднаш во денот. Последниве две недели добив 10 покани за пријателство во еден ден. Дали на некој истово му се случува или луѓево нашле пак да гористат Фејсбук?
И јас не постирам ништо на Фејсбук,од компјутер влегувам,не од лаптоп или мобилен,влегувам за да видам д ане има нешто ново,а минатата година ми се има случувано да ме бомбардираат со покани за пријатлество ако имаме некој заеднички пријател,така што веројатно се работи исто и кај тебе,да имате некој заеднички пријател,па затоа ти испратиле многу луѓе покани за пријателство.Ако не сакаш не ги прифаќај,можеш дури и да им ги избришеш поканите за пријателство и да им ги означиш како спам дури ако сакаш,јас така правам,не си обврзана да го прифаќаш секој што ќе ти испрати покана за пријателство само затоа што имате заеднички пријател или повеќе заеднички пријатели на Фејсбук ако не сакаш.
Не коментирам на ништо, не ме ни означуваат на објави. Знам дека не сум обврзана да ги прифатам, од толку години што го користев, никогаш волку не сум била бомбардирана. Јас секогаш праќав покани, ептен чудно ми падна зошто ништо не ни објавувам само го имам. А некои не ни имаа заеднички пријатели.
Луѓе што е проблемот со фб,бомбандирана сум со покани за пријателство, преку 20+ на ден добивам. Што е работава,како да ги спречам не ги ни прифаќам…
Оди на трите точки на твојот профил, после притисни на *постапки за профил и означување* После оди во *приватност* и најди го ова, после избери што сакаш.