Зошто ми се бришат пријатели? Да не е некој вирус? Знам дека не ме бришат тие мене . Одново ги додавав Провери на play store, можеби има некоја таква апликација.
Се најавуваш преку browser на телефон, oдиш горе десно во опциите на Chrome, ја чекираш Desktop site верзија опцијата, отвараш m.facebook.com и си ја прикачуваш сликата на профил. После можеш и да си отчекираш опцијата ако сакаш. На ваков начин и отварам пораки без месинџер.
Како да ставам слика на прифилна што веќе ја имам на фб објавено и да не ми се пак појавува на профил како нова слика.. Кога отварам кај други секогаш стара објава се отвара а кај мене се прави како нова
Ако претходно ти била поставена на профил само ја одбираш истата од албумот со профилни фотографии, без да ја сечиш, ја поставуваш таква каква шо е.
Така и правам и пак ми се поставува како нова објава Ии една слика ми се прави како 5 пати да ја имам ставено ако ја ставам цело време таа на профилна
Е па вака. Порано на фб имало некоја опција во тоа полето за пребарување да искуцаме,, photos liked by'' име и презиме и може да ни се појави се што лајкнала таа личност. Ама оваа опција веќе ја нема. Знае некој како може да се провери ова, некоја финта?
Еве има апликација ја пробав денес Првата плава икона со двете човечиња. Напишав. Who viewed my profile, така ја најдов
Вклучено ми е да ми стигаат нотификации за родендени на фб, до пред некој ден ми стигаа нотификации, но еве неколку дена не ми стигаат нотификации, дали само јас имам ваков проблем и како да го решам? Инаку деновиве имаат родендени мои пријатели, имаат ставено датум на фб кога им е роденден, но јас не добивам нотификации
Девојки како да прикачам од ајфон профилна слика од сликите што ми се во телефонот од камера? Ми дава само опција од прикачените на фејсбук?
Здраво девојки, дали постои начин да си повратам избришани пораки на messenger? Избришав chat во кој имав некои информации. Ви благодарам
Здраво. Нова сум со фб па уште истиот не ми е разработен т.е има некои работи што не знам како да ги направам па ако сака некој да ми помогне околу некои работи. За почеток како можам да направам само јас да гледам кои ми се пријатели ( за другите да ги покажува само заедничките пријатели) и како можам да најдам на кого имам понудено пријателство? Може се малку глупави прашањата за повеќето од вас ама ете почетнички маки