Има ли денес проблем со фб? Не можам никако да се логирам, ми вика цело време session expired и пак ме одлогира. Да не ми е хакиран нешто?
И кај мене е така, до пред малку се беше како што треба. Кога се најавувам ми дава дека пасвордот ми е incorrect.
Исто и кај мене. Леле, каква паника и мини срцев удар добив, мислев инста и фб ми ги хакирале, 5минути пробував пасворд да сменам за да влезам, пропратно со нервоза.
Арно ми текна да видам на фемина, мини срцев удар добив. Реков кој си има работа со мене, ништо толку важно немам. дури ни бекап кодовите што ги имав ги пробував
Офф, ми падна камен од срце. Мислав хакнати ми се. На маж ми пред 2-3 недели му сменија пасворд од фб и инста и покрај 2FA, и број ставен и се'. Ме фати паника.
Не е работата за тајно... Имаме страни од бизниси поврзано, сметки и картички за фб адс, лични информации... Низ пораки фајлови. Па макар и ништо да немаш, мака е да правиш нов профил, аднуваш од ново.