Има бизнис профили во кои е вложен многу труд, време и средства и верувам дека не би му било сеедно никому таквиот профил да му биде хакнат и избришано се на пример.
Добро, што е со фејсбуков?? Во последниве 20 минути ниту една порака не можам да испратам и профилот ми се одлогира не можам да се најавам ниту од мобилен ниту од лаптоп! Падна фејсбуков ли? Го има ли некој проблемов освен мене?
Леле колку се изнервирав за пасвордот кога ќе го пишев ми велеше дека е неточен. Ама фала богу кај сите било.
Што е најинтересно никогаш не се сетивме со другарка ми да си размениме телефонски број бидејќи секогаш си зборувавме на месинџер и ете сега ни се удри од глава.
15минути пробував да го вратам, не си го знаев пасс, на крај ми се јавија сите другарки дека го имаат истиот проблем и ми олесна.
Јас мислев дека бившиот ми го има хакнато, оти и пред тоа ми имаше така правено, готова бев да му се јавам да го напраам лом
Мене ми даде опција да внесам пасворд, после ми ги побара тие 6те цифри и за нив ми вика дека не ми се точни а тие се.