Значи ја мразам оваа летна мода на фб пост-одморна, откако ќе се закачат сликите од одмор на ѕид и на сите слики кај шо е типкава со купачи (по можност најновите и најпровокативните) ја постира сликата со некој очаен текст „лее баш сум грда/дебела на сликата...“ ко да чека некој да и` рече „абе баш си згодна срцу6кеее, бац-мац“ или „лее нови купачиии? баш се топ и баш си згодна не јади г**** цмок“. Ако мислиш дека не изгледаш убаво на сликата, не ја ставај, без такви безвезални потези и “Г6 финти“ Eте, си кажав.
Почекај уште 1 ден да се стабилизира остај го може ќе се оправи иначе поима немам од што така можеби дека си до декативирала после 1 година
ЛЕТНА ШЕМА У КУПАЌИ - Како што кажаа погоре - сето тоа "Грда сум, дебела сум, ваква сум, таква сум" итн. е намерно. Само за внимание да привлечат. Кога ќе видам некоја таква, целата ишмизлосана ми иде лаптопот преку пенџере да го фрлам.
Дечки ми се активира оној времеплов сам Тукуу, сега сакам да си ставам насловна фотографија и кога ќе ја ставам ми пишува да ја помрднам за да ја наместам како што сакам. Ама јас не знам како да ја помрднам бидејќи тоа си стои такво вкочането... Ќе сака ли некој да ми каже како се прави тоа?
Кога ќе го вклучам копјутерот веднаш го вкулчувам и мојот профил иако не гледам на него.Видам само новости и тоа за 5-10 минути и толку цело време сум на Фемина.
Имав фб кој веќе ми е блокиран 1год.Ми го блокираа тимот на фб затоа сто го ставив мојот моб.тел кој веке не го користам а и картичката не ми работи, е на тој мој бр стигнал кодот за вклучување.А јас никако не го дознав кодот и по еден ден ми го блокираа.Сега на мојот е-маил повторно пристигнуваат барања и новости на фб.Е може ли да си го повратам фејзбукот некако?
Е па вака. Незнам дали некој ќе ме разбере или не, ама јас ќе си прашам Денеска видов дека ми го хакнале фејсбукот и некако успеав да го вратам. Тој што ми го хакнал фејсбукот ми го знаел мејлот преку кој што користам фб. е сега дали некој знае како да направам никој ама баш никој да не може да ми го знае новиот мејл со кој јас користам фб?
Па освен да ја ограничиш видливоста на емаил адресата на твојот профил ( само ти да можеш да ја гледаш) и да не ја кажуваш никому не ми текнува друг начин.
Јас кликнав на таа опција да можам само јас да си ја гледам и-мејл адресата, но сепак мислам дека ќе се дознае на некој начин, ако некој знае како да направам никој на светов да не може да ми ја дознае нека каже. Тоа го кажувам затоа што кога си го користев фб со минатата е-мајл адреса исто така направив никој да не може да ја гледа односно да не се појавува на мојот профил, но сепак некој ја дознал. Anyone?
Сакам да ги забранам тагнатите слики, само јас да ги гледам, немам тајмлајн. Никако не можам да најдам, ако можи некој нека ми помогни
одиш на стрелката што е најгоре, веднаш до Home во горниот десен агол. Бираш Privacy settings. После кај Timeline & Tagging одиш на Edit Settings.
Facebook е место каде што сум најчесто, но многу често станува досадно. Но, сепак е многу корисен... на некој начин, сигурно, зар не? Или пак не?
Цела почетна ми е преплавена со слики "Видете ме, на одмор бев" Во граници на нормалата да, ама некои претеруваат
Јас сум многу сомничава во поглед а прифаќање нови пријатели на ФБ, особено ако не ги познавам лично. Незнам зошто но тоа ми е како да сум пуштила дома непознат човек, бидејќи таму ми е целиот мој живот. Некако се чувств несигурна да пуштам некој туку така. Па ме интересира како е кај вас дали лесно прифаќате пријатели иако поима немате кои се.
добар е за да бидеш во тек со луѓе со кои ретко се гледаш, а и да оствариш комуникација без да рошиш телефон. е сега се нервирам што има луѓе кои секој ден постираат еден куп слики, како биле во парк, во кафана, пред зграда, во двор, во соба, во веце.. ми се лоши од таквите.
Отвори си нов меил и замени ја меил адресата на фејс и памет во глава не ја кажувај лозинката на никој инаку џабе ќе се мачиш, кога пак ќе те зезнат сигурно те зензнал дечкоти или некоја другарка, вие младите сте наивни па кога ќе се заљубите му кажувате буквално се. Инау предлогот со ограничување на видливост не ми се допаѓа, тоа ти е исто како да го немаш, подобро затвори го.