Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејсбук (Facebook)

Дискусија во 'Слободно време' започната од Shaila, 4 октомври 2011.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266

    тоа може само ако имаш iPhone, Android или Blackberry. symbian не. на пример ја со Нокиа не можам. :worried:
    а ако имаш од некој од овие телефони тогаш само си ја симнуваш апликацијата Places на телефонот и шибаш :)
    за Нокиа можеш едино преку Маps , али тоа е сложено и не можеш да тагнуваш никого.
     
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Во моментов некој др е уклучен на мојот профил на фб... неможам јас да се уклучам, ми дава дека во моментот акаунтот е недостапен. Што да направам, знае некој да ми помогне???
     
  3. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Kasha фала ти многу на информацијата а јас инаку имам Samsung s 5260 и незнам со и како али не е толку битно али баш ме интересираше затоа и прашав сепак фала ;)
     
  4. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Фејсбукот најчесто го користам кога сакаме со дечко ми и другарките да заштедиме на кредит и се договараме преку него... :)
    Исто така и го користам кога сакам да тепам време,разгледувам по профилите,што има ново.. :emo:
    Милион пати сум решила да го деактивирам и никако да го направам тоа,денес-утре,денес-утре и сега киснам на него :$ |( :x
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Женски, едно прашање, кое пред мене е поставено, ама сметам дека не е добро одговорено и сакам точен одговор на моево:
    Имам ајфон 4 и кога влегувам на фб има поле на кое пишува Check in. Кликам на него и ми дава листа на места на кои моите пријатели се чекирале дека биле. Одбирам место, но не можам да се чекирам, не ми излегува на профил. Може некој со искуство да ми објасни??
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Слабо го користам фб профилот, најмногу за договарање за искачања.Не гледам некоја посебна потреба, а ни корист од него, всушност, го имам само затоа што сите околу мене имаат профил, па морам и јас некако да се поврзам со нив :tmi:
     
  7. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    епа мене ми успеа луѓе еве веќе 3 месеци немам профил го деактивирав.. прво време ми беше ептен тешко... онака ко за умирање :lol: после почнаа да ме фаќаат кризи ама ептен големи... и решив воопшто да не седам на компјутер оти цело време глувчето на фејсбук ме носеше.. онака неосетно хх.. и после почнав по малце да седам на комп ( и сеа ретко седам) и одбегнувам страни на ф буквата хаха.. и еве сеа скоро ич немам потреба од него... зато има и други средства за комуникација моб или мсн... а најубо во зиво на кафе најубо муабет се прај... 8) :$ ;)
     
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    И кај мене истото. Ама вчера баш копав по фејсбуков, изгледа треба да се подеси тоа, влези во прилагодување на приватноста, и потоа Пријателите можат да кажат дека си со нив кога ќе се означат од некое место користејќи апликација за мобилен телефон.
    Изгледа пријателите го немаат ова подесено, затоа не може да се тагира. Барем јас така мислам :?:
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Значи, кај мене не се работи за неможност за тагирање. Лично јас не можам да се чекирам, не да тагирам некого или некој да ме тагира мене.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Едно време размислував да го деактивирам, но кога разбрав дека сите податоци остануваат заувек, си реков шо ќе се замарам, ќе си ја мачам душава, нека си остане ако веќе се мое останува и сега главно го користам за игрици :D
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас имам аверзија кон ФБ. Е навистина не ми е јасна потребата на луѓето да си го промовираат животот на интернет, и за мене тоа е израз на онаа површна потреба да се биде виден, веројатно е тоа некој начин на самозадоволување на егото... кој ќе знае.
    Немам профил, не се замарам со ФБ, ама многу ме нервира кога ќе сакам да проверам/да видам некои продавници на пр. или фирми, па тие сите имаат на ФБ профили, а некои бараат да се логираш за да ги видиш... Што не си отворат интернет сајт :) им се чудам.
     
    На Cynthia и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Веројатно зашто им е поефтино, а од друга страна и зашто се сигурни дека на ФБ ќе имаат многу посети, затоа што факт, скоро секој е на ФБ. Така да...одлично место за бесплатно рекламирање. :D
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    И јас би била пресреќна ако го укинат.

    Воопшто да се немало приватност! |(
    Кој каде сака може да те слика и да ти ги злоупотреби сликите.
    На вечер не можам да уживам во дискотеките, од што се бранам (пазам) од фотоапаратите, да не бидам фатена негде. :lol:

    Отворам хоум, и одма ајде читам 300 глупости, кој втасал побрзо да се пофали, позирања од ВЦ, (а во позадина огромен неред) во сите пози...и такви работи баш ме нервираат.

    Има и предности фб, ама премногу си зеде за слобода на сметка на приватноста! :fubar:
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Во последно време речиси и не го користам, од досада само ќе влезам да видам што има и тоа е.
    Само им се чудам на оние што можат да бидат онлајн 24 часа :?:
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не се чуди, не има многу кој заради работа ни е упалено ПЦ-то цел ден а Фб-то кога е интегрирано со Скајп како кај мене стално те покажува на зеленко без разлика дали на Скајп си на авеј или апиар.

    Мене ми е супер ФБ, си ги имам сите пријатели за муабет или пораки кога ми требаат, можеме во секое време да си исконтактираме без да вртиме телефони а секако пазам какви фотки ставам ниту дозволувам некој да објави моја фотка без моја дозвола. И секако никогаш не пишувам или објавувам нешто што било кој, било кога може да го употреби против мене.

    За контакти, пријатели и чат е ТОП, само треба да знаеш како правилно да го користиш :).
     
  16. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас имав лошо искуство со фб така што го избришав и сега не сакам ни да провирам таму :lol: :lol: :lol:
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Го имам го користам ама за промовирање на сама себе со фотографија, или соработка со други фотографи и поети, и да со моите најблиски секогаш сме таму и се зезаме, можеш да си направаиш на чат група за кого си онлајн, се зависи како го користиш и за што, има секакви идиоти затоа постои блок, оние што те замараат со постови имаш опција скриј, или отстрани. Бар за мене што не живеам блиску до своите ми помага многу, а еве од факултет се прават групи од курсот и сите праќаат таму, без разлика дали некој не знае некое прашање, или има промена во распоред. Многу приватни фотографии не ставам, немам потреба да си ги покажувам нозете и градите и во што сум облечена денес и бла бла детски филмови, не играм игрици, сконцентрирана сум на групите за помош, за природни науку, а понекогаш и енкоја велсела група со мисли, вицови и слично. Многу информации за помош за некој поминале на фб... Знам зошто ми е потребен и гледам да запазувам на тоа.. а да се замарам со небитности таму не го правам тоа.. затоа ја гледам корисната страна на фб..

    П.С искрено изложбата во Индија и Србија ми излегле преку фб, таму ги видоа моите фотографии, така да ќе го користам додека мислам дека може да ми помогне во промоција на сама себе.. и додека блиските мои го имаат..
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ко така, појма немам што е работата.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Имам профил кој знам да го деактивирам одвреме-навреме, обично за време на сесија.
    Порано имав милион слики ми се чини и пред некое време фатив 95% ги избришав и си се чудам на самата себе како не ме мрзело сите тие слики да ги прикачувам [​IMG]
    Инаку, фејсбук знае да биде многу корисен ако правилно го користиме. Често преку него си контактирам со другарките кои не ми се тука во Скопје, бидејќи студентски нели живот, штедам на телефон :D Исто така имам и многу роднини во странство кои не ги гледам со години, па вака знам што им се случува во животот, се слушаме (т.е. пишуваме) секој ден и можам да си ги видам братучедите и внуците како растат :) , а воедно и тие можат да видат како изгледа нивната тета Хипи, па кога ќе дојдат овде да не се чудат која е оваа лудача која ги грабнала да ги гњави, штипи за образи и бакнува.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Не го поднесувам, не можам себе си да се замислам да висам на ФБ, профилот го држам заради луѓе кои ми се далеку и потребно ми е со нив да исконтактирам, знам по 3 месеци да не се уклучам, воопшто не ми текнува на него.