Иди кај тебе на профил и кај што ти се пријателите од десно имаш како моливче кај што стои едит. Кликни на тоа и после кога ќе ти се отвори од страна имаш да нагодиш да не ти се гледаат
Стварно на профилот нели кога ти дава одредени пријатели од левата страна, тоа се пријателите кои што највеќе ти "висат" на профил или нешо така ?
Имам фб, ама за скоро планирам да го немам. Зашто едноставно замара.. И иста прича сваки дан бре човеку.. профил почетна, профил почетна.. Некој стаил нова слика лајк.. коментар.. цмок сонцу6ка.. тс најмнн, премн.. пренајмн.. -.- В Т Ф?! досадноо и луѓето едноставно станваат досаднии .. најубо да избегаш малце.. мозокот на лер и живеј си живот без никакви страња.. измишљотини.. и др. глупости.. Излези, дружисе, .. и ајде да те видам имај 5000 пријатели во живо! ке влезиш во ГЕНИСОВА.. мајке ми Да си продлжиме бе друже преку порачиња, шмекање во живо, "БОЦКАЊЕ" -.- АЈДЕЕ доста пљампам.. мислам некој го мисли истово зар?!
Не знам зошто го кривите фејсбук за се. Самиот концепт на функционирање на страната е јасен. Додавање на пријатели, споделување слики, линкови, песни, чекирање, боцкање, пишување ноутс... Што не е јасно од сето ова ?? Го користам, секојдневно. Првично за комуникација. Колку е олесната со негова помош, чудо некое. Дупло помали сметки ни идат за телефон. А, бе, ако немаш фејсбук, нема да разбереш дека утре треба на факултет да одиш. Си имаш група, пишуваш, прашуваш се таму и крај. Наједноставно ми е таму да побарам и да најдам некого, да се договорам за нешто и завршена работа. Кој вика дека фејсбук не му го олеснува БАРЕМ малку секојдневието, лаже. Е, сега, што некои си лечат комплекси, креваат его до небо, е друг проблем. Ама не е фејсбук крив. Секој сам си одговара колку ќе го користи и за што ќе го користи. Некој си се рекламира, на некој му е издувен вентил, трет па, си фаќа сеир. Нивно право, само нивно и ничие друго. Малку ми е непријатно кога иако некој ми е познаник, јас не би да го имам на фејсбук. Но, повторно, контролата е во мои раце. Јас сум таа што одлучува кого ќе гледа, што ќе гледа и вајс верса, кој ќе ме гледа мене. Никој не ве тера со сила да ставате слики, статуси, песни... Луѓето забегуваат на моменти, па после фејсбук е крив. Не е фејсбукот крив, арен си е тој. Ти си крив ако имаш 5 000 пријатели, 4 900 не знаеш и после ти досаѓале, проблеми. А ако живеете НА фејсбук, пак сте си сами криви. Да, го користам фејсбук за комуникација, но најчесто за да се договорам и испаднам на кафе. Има разлика, мајке ми.
Го (зло)употребувам максимално Најмногу ми служи за да си ја промовирам поезијата, да си споделам некоја музика со блиски луѓе, да се изнасмеам на глупави а на мудри статуси, да си се прошетам низ виртуелното корзо, да проследам некоја добра фотографија, да се изнасмеам на патетичните парови што си ставаат лајкови и срциња и чудесии (едно време и јас тоа го правев, и признавам ужасно е), просто еден конгломерат дешавки имаш на ФБ. Значи активно го користам во моја полза, го деактивирам кога ќе ми придојде, ама пак му се враќам. Наспроти сета негова отвореност, можна злоупотреба, стрес зошто од сите страни напаѓа со информации, апсолутно го ценам. Не само како социјална мрежа, ами како информатор, дежурен потсетник за настани, групи во кои активно коментирам (факултетска, поетска, еден куп музички страни кои редовно ги следам), родендени. Значи - да, за ФБ. Најфино од се’, ми е тоа што кога го деактивирам, или кога немам пристап до него, не ми фали нешто особено.
Затоа што сме членови на фемина, нали, као демек анонимност и слично а има многу феминки кои од досада имаат веројатно премногу време да ги манијачат пријателите на своите фемински фејсбук френдови Ете зошто Мене ми е Фејсбук топ. Некни ми вика другарка ми загледувајќи ги кај мене на лаптоп и читајќи ги статусите и коментарите на моите пријатели на фејсбук на news feed - еј па твојот фејсбук е многу интересен, кај мојов све тапа. Викам нормално дека е интересно, да не мислиш срценца и број4енца ми го окупираат (со златни исклучоци 1 - 2јца) Сериозно, ми помага да одржувам контакт со многу луѓе раштракани сегде низ светот. И тоа ме радува што вака барем ги имам на едно купче, во мојата виртуелна фејсбук дневна соба во која редовно им нудам линкови од песни, линкови од интересни статии и чат пат по некој статус кој не им јавува кога мочкам и кога имам ужинка. Нормално и фотки од заеднички поминатите мигови, да си се потсетиме како ни беше а другите да знаат што пропуштиле и дека не смеат да ескивираат толку многу Освен тоа зачленета сум во групи чиишто информации ме интересираат, па ме радува што барем во тој поглед сум информирана за секакви дешавки кои се случуваат а немам како поинаку да ги следам.
Пред месец време се блокирав на фб И да ви кажам ама ич не ми е криво. Уствари на мене не ми беше крив фб. Јас на почетокот прифатив и пријатели и непријатели. Подли луѓе и злонамерни. Паметни и глупави. Така, сега за сега си правам пауза и да си се одморам од секакви статуси. Имав само 2-3 личности со кои комуницирав онака редовно, ова другово све беше за у канта! Сеа ги најдов на скајп и почесто им се јавувам на телефон, или факам градски и право на гости па да се разбереме ко луѓе ,А кога ке решам пак ке го активирам ама само со ВИСТИНСИ пријатели, пошто може да биде меч со 2 острици.
Имам профил, го користам 24/7. Кога уклучувам лаптоп одма уклучувам фејсбук и фемина. Иначе најчесто се допишувам.. И имам една молба. Да се укине више фејсбуков. Досаден е
Јас посакувам фејсбуков да го измислеа откако ќе дипломирав... Профил имам веќе две ипол години. На мсн-то веќе му откажав љубов, затоа што веќе никој не го ни користи. Кој и да ми треба - го наоѓам на фејсбук. Првенствено ми служи за комуникација, а потоа и за разонода. Освен тоа, си најдов многу роднини од странство со кои се немам видено одамна или со кои воопшто се немам ни запознаено. Па ете, фејсбук е убав начин да си ја запознаеш фамилијата и да ја видиш барем на слики.
Си го деактивирав, ми стана досаден, секој ден едно исто.. не е тоа работа.. сега да видам колку ќе издржам без него, а инаку го користев секој ден. Кога е лаптопов упален и фејсбук е. Сега дремам по форуми..
МЕ известуваат веќе 2 дена дека некој се уклучува на ФБ од кај мене. Ми дава ИП адреса и како можам да дознаам кој е тој??
Мојот фејсбук е мирно местенце на убава музика, досетливи статуси, читање новости, чат-пат некое сличе и мојата пасија кон еднорози и погани калуѓерки, кои несебично ги споделувам со моите 350 пријателчиња. Не ги знам сите лично, но со сите сум во контакт и би ги изгушкала да имам можност. Не ми е опсесија, тепање време ми е, кога веќе упорно не можам да ја пронајдам поентата на Твитер, Фејсбук е единствената социјална мрежа која ја користам. Не играм игри, не ме боцкаат чудаци, не ми стигаат безобразни приватни пораки. Не би го избришала, паметно го користам.
Јас немам Фејсбук, јас имам Живот! Го немам веке година ипол, многу е досаден, јас кога имав Фејсбук во мојот град се броеја на прсти кои имаат и кога почнаа веке сите 10 годишни деца да имат, го деактивирав. И што е најбитно, ми ги скрати караниците во врската за 70 % И сега кога ке се потсетам не гледам логика во тоа да ставам слики од мене и да додавам некој и да скокам од срека кога ке ми дадат Лајк. Итс соу стјупид. Тие што ми требат ги имам на скајп. Дури 9 контакти
Сум пишала јас овде или не? Ајт, нема врска. Користам, сите ги знам (освен некои феминки ) Слики-ахам, покнувања-дабл чек- колку и да ги мразам, деј кип коминг енд коминг. Знае некој како се деактивира тоа? Патем, не сум зависна, никако, сум имала 3-4 профили мислам. Едноставно кога ми досадуваше го бришев профилот, па по неколку месеци пак... игри не играм, многу ми се досадни, и така.
Имам 20 години ... фејсбук имаВ 4 години и ништо корисно не видов таму од него само зависност се добива и губење време ! Избришавме скроз и јас и дечко ми и топ ни е !