Ајде ве молам за помош значи ве молаамм. Сите пораки од фб ми се избришани,разговорот ми е уклучен и кога пишувам кај некого ми излегува дека му немат стигнато,а и мене кога сум уклучена неможат да ми пишуваат,а ме покажува за уклучена . Ве молам,девојки помагајте ве молам .
не се секирај деновиве има некои проблеми со фб кај сит е така ке се среди одјави се и пак најави се или смени го пребарувалот ако си на хром пробај на опера
Твоите слики не ги покажува?Ако се твоите види дали ги имаш прилагодено сите да ти ги гледаат ..Иначе сакам да прашам никој не може да ми пишува на ѕидот, како да направам да можат да ми пишуваат на ѕидот?
Ми се појави еден проблем со мојот фб профил доколку некој има наидено на ист проблем ке замолам за совет.Профилот беше заштитен со бр од моб .Но последните два дена не стигнува смс сигурносен код .Неможам да пристапам на профилот никако.Се обидов со менување на лозинката, но нема позитивен резултат и после тоа .Совет ?
Па не постои таква опција на ФБ, директно да ти покаже кој те има избришано од пријатели. Единствен начин, се знае, да отидеш на профилот кај некоја личност што ти била пријател и во оној дел каде пишува Пријатели да стои Додај за пријател.
Има ли опција во home да не ми појавува кога моите пријатели стегат лајк на личности што не ми се пријатели на фб ?
Имам профил на фб и кога седам на фб најчесто играм игрички,гледам некои сликички или чатувам со пријателите.
Најдобрите статуси на фејсбук Незнам каде да прашам, па еве прашувам тука, ве молам, одговорете ми.. Сега се уклучиф на фб али ми бараше телефон бла бла. Друг пат, ќе ми се отвори прозорец "мора да се најавите за да продолжите"! Тоа е знак дека некој сака да ми го хакне?
Најдобрите статуси на фејсбук Некој мислам дека веќе ти го хакнал, и кога ти се појавува прозорчето со мора да се најавите итн. тогаш некој ти се уклучува, и за да го спречите ова најубаво уклучете си кога се најавувате код да ви стига на мобилен, и кога некој ќе проба да се уклучи, нема да може без кодот. Има тема Фејсбук, побарај ја.
Можно е да го има истиот проблем како мене ,да не дозволува да се пристапи на профилот и да се менаџира.Смс порака со безбедносниот код не стигнува а друго решение да се отовори профилот нема .Доколку некој е информиран повеке за ова би бил благодарен да не информира .
Kaко се става сликичка до името на групата? На почетната каде се покажуваат во групи. Maлите сликички со компјутерче,срце,костур...
Уште нешто, ми побара мобилен телефон, го дадов и ми стигна код и го напишав кодот. Сега може некој да ми го хакне?
Сега кога некој ќе проба да се логира на твојот фејсбук, ќе ти стига код на телефон, и без него нема да може. Секој пат е различен кодот, и телефонот нека е при тебе ако се логираш од различни места. Не би требало сега да ти влегуваат, освен ако има некој друг начин...
Леле а мене денес ми го сменаа,новиот ми го наложија,многу е глуп,одвратен,да се скапиш вртење И грдо изгледа! Аман,морало да го менуваат,секоја година глупости,па претераа веќе! Уште некоја приватност да сменат и ќе ги избришам,неможам да го поднесвам.