Како да направам да не ми се гледам тајмлајнот, т.е. оние кои ме немаат во пријатели да не го гледаат? И има ли опција да не можат да ме адд, ниту пак да ме најдат во пребарување?
^ Мислам дека може да направиш да не те додаваат за пријател.. Имам видено 2-3 профили каде нема опција „Додај Пријател“ А за да не го гледаат мислам дека не може.. А зошто мене ми стигнува известување од еден пријател, за се што ќе објави ? Не ми е во блиски пријатели
Абе тоа може пријатели на пријателите, 3та опција нема, колку што видов. А тоа над четот како да го оправам? Тоа со активноста на приајтелите или како и да се вика? Го имав едно време, го напраив и сеа пак го неам.
^Одиш на профилот твој,ги отвараш пријателите нели кај friends,имаш горе до find friends како пенкало ли шо и да е,стискаш на тоа имаш edit privacy па на Friend List имаш опција only me,ке видиш П.С-Мене тоа да не можат да ме аднуваат само ми се направи И од фемина коа ке им кажев - адни ме ми викаа па немаш таква опција
Јас мислам дека кога ќе ја блокираш таа личност,дека нема да може да те најде во пребарување,или пак да го разгледува твојот профил...
Точно.Ако сакаш одредена личност да не може да те најде во пребарување и да гледа било што за тебе,тогаш ќе мора да ја блокираш.
^ Има и опција да не те дава во пребарување. Некако беше Hidden нешто. Една другарка моја го направи, ама после одвај ја најдовме опцијата за да исклучи. Многу грда работа е тоа.
Ако воопшто не сакате да ве наоѓаат кога ќе го напишат вашето име на фб одете во privacy па има три опции: Who can see my stuff? , Who can contact me? и Who can look me up? ќе стиснете на Who can look me up? и ќе стиснете на третото Do you want other search engines to link to your timeline? Би требало да ви пишува Let other search engines link to your timeline и да е штиклирано но вие ќе го ‘‘одштиклирате‘‘ и се е завршено. Јас одамна имам направено така и никој не може да ме најде кога ќе го пише моето име се надевам дека помогнав
здраво имам едно прашање , како е можно на фб да ми стигни известување дека ме прифатил за пријател некојси таму(тој и тој) а јас појма немам дека на таков цовек сум му пратил понуда за пријател. не сум му пратил никогас ниту го познавам а пиши дека ме прифатил за пријател. а откако проверив во мојот (дневник со активности) сакав да видам кога е пратена понудата за пријател али немаше таму многу шо да се види. стоеше само од денес шо имам праено на фб а следно бесе од јануар месец активностите. другите ги нема од вчера ,завчера,минатиот месец и претходните месеци ги нема освен само денес и јануар па наназад само тоа можи да се види.
Можно е. И кај мене се има случено такво нешто. Facebook сам ти пушта понуди за пријатлество. Чудна работа.
Да ! Oдиш во Settings (најгоре најдесно) Подесување на приватност Безбедност Известување при пријава си пишуваш код понатаму е јасно..
Да ! Oдиш во Settings (најгоре најдесно) Подесување на приватност Безбедност Известување при пријава си пишуваш код понатаму е јасно..
Девојки да прашам во врска со фејсбукот на мобилен, тоа во чатот што покажува пр. 2h, 25 min, на што се мисли конкретно дали таа личност била вклучена пред отприлика 2 часа, или па толку време седела на фб?
Дечки некој ми прати вирус не фб, слика, и сега од мојот профил се испраќа на сите, како да го стопирам. Помош ве молам, итно ми е.