Луѓе јас сега на некои објави можам да ставам лајк,ама на тие што ме означиле не.Кај вас уште е вака?
https://ssl.facebook.com/help/contact.p ... te_account Пополни тука и за 14 дена ако не се вклучуваш ќе се избрише.
во времето фејзбук беше создаден за да се допишуваш со некој од подалеку за да правиш пријатели... сега до кај дојде светов не ми се верува еј.. абе 9 годишни девојчина голи се сликаат .. постираат статуси .. додека некој стари жени објавуваат статуси за љубов и за симпатии ... ИГРИ ИГРААТ КЕНДИ КРАШ НЕЗНАМ ШТО ОКО НЕ МУ ТРЕПНУВА ЕЈ... абе застанати тука стари млади од 5 до 90 години ... право да ви кажам сега фејзбук ич не ми се праи ќеф .. немам фејзбук околу 1 година и животот ми е супер.. секоја ден кога ке се уклучам глупости... то е дојдено веќе до крајност. незнаат што да праат од досада..
Зошто кога ќе ставам слика или статус под името не ми ја пишува локацијата,т.е. near... или местото? Ја пишуваше ама се изгуби сама. Зборувам за од телефон,само пишува виа мобајл без локација.
Единствена работа која ми користи од фејсбуков е што можам повеќе луѓе да договорам у заедничка порака,полесно е секако... Се друго е буквално губење на време,тоа си го сфатив со текот на годиниве... Што праиме? Хоум,Тајмлајн,хоум,тајмлајн,манијачење на др.профил,читање на вести кои се тотално идиотски и исти на секој портал,башка стојат по 10 дена... Да не зборувам за неизживеани персони кои се тагираат во вц,во болница и сл...Злоупотреба до немајкаде на туѓото трпение и толеранција,па у се треба да си умерен и разумен! Почнувам да се мислам да го бришам искрено!
Леле дај ве молам некој нека ми каже како да избришам порака,ама и од кај него да се избрише.Дали ако го избришам целиот разговор од кај мене ке се избрише и кај него или ке остане?Знам дека можеше некако да се направи дека и мене така еден ми избриша разговор и го немам ни ајс,али незнам како,ве молам итно е!!
Фејсбукот највеке ми користи да комуницирам со колегите од факс, и ако споделуваат некои информации во групата. Исто така некогаш и со другарките пишувам и тоа е тоа. Порано имав доста пријатели, али све избришав, и се сокрив да неможат да ме аднуваат. Многу ретко седам на фб, може да се каже само по потреба.
Пораките можеш да си ги бришеш само од кај тебе, а со тоа што ти ќе ги избришеш кај тебе не се бришат од кај тие што си ги пратила.
Фејсбук користам секој ден и седам најмногу по 3 сати. Секогаш седнувам за да видам шо има или пак ако треба нешто да прашам и сл.
Луѓе, а можам ли некако да ги избришам тие што ме следат на Фб? Не ми се пријатели, ама ми ги пишува на профилот. А не сакам да ги има таму.
како можам да вратам пример првото пишување на чат, имам 50.000 да листам ама неможам ми треба најмалку 6 саати па дали може без да листам да дојдам од почеток ???????