Може ли во тоа инфото на фејсбук да се стави каде работиш, ама да не пишува worked туку works, зашто се така во минато го дава, така си е или?
Едно (безвезно) прашање. Дали постои некоја листа на луѓе на кои им сум испратила понуда за пријателство откако го имам профилот? За activity log знам, ама ептен имам за скролање. Некој друг начин? Едит: Потребно ми е само за оние од кои сеуште чекам потврда. За оние кои ме одбиле, прифатиле или јас сум ги избришала не ми е треба.
Веке два дена се логирам на фејсбук и ми го вклучува фејсбукот, ама не дозволува ни да видам кои ми се на чат ниту пак да си ги видам пораките, нотификациите, или барањата за пријателство незнам што му се случува, до предмалку барем можев да се вклучам од телефонот, а сега и од телефонот неможам... да не знае некој што му е, и дали му се има истото случено и на некој друг...
Може. Треба да го штиклираш *present дека уште си на работа на тоа местото, обично така дава кога ке потенцираш од до кој период си работела, затоа ти дава минато време.
Имам еден проблем. Имам Андроид телефон и на ФБ од телефон кога ќе постирам статус некад ми покажува локацијата кај што сум. После пола саат пак ставам статус и не покажува кај сум. До што може да биде?
^buba4e89 Кажав дека знам за тој начин, ама имам многу прифатени/ избришани пријатели, со тоа и дополнително скролање. Наааајдов Во случај на некоја друга да и затреба, многу едноставно е. Отворете Friend requests- View all, и веднаш под Respond to Your _ Friend Requests имате View Sent Requests. Толку Во секој случај ви благодарам и на двете.
Дали некој знае како да се исклучи да ти стигнат известувања од страната на која што си админ ? Значи да не добивам известувања на мојот фб кој што и колку пати лајкнал слика и објава на страната што сум поставена како администратор ?
дали некој знае дали можам фотографија која ја избришав дали можи повторно да ја добијам назад? дали таа стои некаде на фб и можам пак да си ја добијам назад ако ми треба ?
Имам facebook и едноставно го обожавам а најмногу кај него ми се допаѓа тоа што се допишувам со пријателите
Имам фб ама гледам што помалку да седам на него, најмногу се уклучувам да видам дали има нешто на групата од факс, и некој пријатели кој им немам број а единствено само таму комуницираме,али во план ми е да им побарам бројче и да го бришам зошто преку глава ми е да гледам од тагнувања во секое ќоше,сликање во секое ќоше,статуси,песни секој ден..не сум се уклучила неколку дена и супер ми е раат глава
Мислам дека кај поголем број корисници прави проблеми. Кај мене покажува 40 онлајн, после неколку секунди покажува 180.. Кај сестра ми сам се вклучува и исклучува, не знам во што е проблемот.
Имам ГОЛЕМ проблем со фб. Сами ми се бришат контактите. Од сабајле од 10 до 12 15 контакти изгубив. За цел месец 100 контакти сами се избришаа. Им пишувам порака зошто сте ме избришале но тие тврдат дека не ме избришале они туку јас нив. Што е проблемот???