Си ја заборавив лозинката на e-mail, а ни на тоа прашањето не ми текнува што сум напишала како одговор. Дали има некој друг начин да ја сменам лозинката?
Си го деактивирав пред 4 месеци.Прашање:Дали чат историјата уште им стои на тие со кои сум комуницирала? И дали ако не се уклучам еве пример никогаш,ќе се отстрани автоматски профилот?
Мислам дека не се брише чат историјата. Зошто би се бришела. Мислам дека и со деактивација на профилот се си останува исто, се додека повторно не го активираш. Инаку сам од себе нема да се отстрани, барем јас така мислам.
Мислам дека ако не го користиш една година се брише автоматски.А чатот стои,само што не му дозволува на тој што разговарал со тебе да ти го отвори профилот.
Им стои само твојата слика ќе биди гри и името ќе ти биди пишано со црни букви, нема да можат да ти пишат ни да ти го отворат профилот, но тоа што имате пишувано нив ќе им седи доколку сами не го избришат.
А што значи на пример Seen 4 at 17:00 ? Незнам дали сте забележале ама страшно ме интересира Тоа само на кога си на фејс од мобилен го има и никако да сватам што значи. Толку пати е прочитан раговорот од примателот или ...???
Seen го означува времето кога е прочитана пораката од примателот (за прв пат). Кога стигаат лични пораки на фејсбук, дури и ако разговорот ти е вклучен, пораката автоматски не ти се отвара, а откако ќе ја прочиташ испраќачот ќе види кога си ја прочитала.
Им стои, само што неможе да го отворат твојот профил. Но доколку сакаш да го активираш повторно, можеш во било кое време, бидејќи податоците кои еднаш се ставени на интернет, засекогаш остануваат таму.
Доколку имаш дополнителна емаил адреса која што е поврзана со фејсбукот твој (имаше опција 2 емаил адреси да се стават, уште пред 2 години). Исто така, мислам дека може да си го вратиш профилот и преку мобилен, доколку го имаш регистрирано својот број на фб. Други опции не ми текнува, провери на страната на фб.
Мислам дека зависи од GPS дали ти е вклучен на мобилниот или не. Обично, GPS - от се исклучува сам кога мобилниот има малце батерија останато. Исто, кога постираш нешто на фб преку андроид, тогаш имаш опција да вклучиш локација или не. Можеби ти некогаш ја вкучуваш, некогаш не, а не си приметила. Постирај нешто колку да провериш дали ќе ти покаже опција да вклучиш локација. Доколку активно користиш мобилна верзија на фб, гледај на време да ја надградуваш.
Не бе тоа знам фала Богу seen што е Друго прашувам. Seen 4 пример.. Дека толку пати е прочитана пораката ?
Немам друга адреса. А да бројот го имам регистрирано на фб, ама како може преку него ? Ај ако можеш малце да ми објаснеш
И на мене ми се има случено да ми се избришат сами контактите. Ама слики сами што ми се избришаа е тоа навистина чудно ми падна. Неколку фотографии на профилот ги нема а една е префрлена во албумот фотографии на ѕидот..Чудно................
И мене ми фалат контакти ама мислев ме избришале... Ми фалат 6 контакти...чудноо кој знае кај скитаат П.С. Неам појма кој фали ама знам колку точно имам пријатели на фб
Еј луѓе абе стварно е можно ова ? Ве читам и не ми се верува, истото ми се случи мене пред неколку дена , видов дека ми фали еден другар мислев дека он ме избришал , ама не прашав, сега незнам дали стварно ме избришал или нешто до фб е ???