Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејсбук (Facebook)

Дискусија во 'Слободно време' започната од Shaila, 4 октомври 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е и мене ми досади од оние муабети како Фејсбук е порок,поради Фејсбук не можете да имате реален живот,дека Фејсбук ви прави проблеми...... |( .А зошто тогаш не го деактивирате или избришете??? Никој не ве тера да имате.На сите ви смета а упорно дремите на него 24/7.
    За мене лично Фејсбук преставува еден вид на забава како што е форумот и ред други интернет страници.Не сум опседната со него и не пишувам статуси секој пат кога ќе отидам до продавница но кога ми е досадно е одличен за тепање време.Така да сум против негово укинување или хакирање.
    А пак најиронично е кога пишуваат статуси од типот "во моето детство немав фејсбук,немав ова,немав она а сепак бев среќна" а истите тие не стануваат од компјутер и од Фејсубук |( .
     
    На Butterfly-Girl, baguf4e, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  2. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    739
    Го деактивирам само еден ден, следниот неможев да издржам. Само кавги со дечко ми задари фб,друго ништо, а иначе ја играм симс :)
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам фб, го користам често, порано многу повеќе а сега почна да ми зосадува некако. Се тоа па тоа. :worried: Ама не го деактивирам од причина што е супер за одржување контакти, разговори, договарања и слично.
     
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Имам фејсбук и во последно време ама ич не се уклучувам.
    Колку и да е интересно на почетокот, кога тогаш ми се здосадува. :drunk:
    Најчесто се уклучувам колку да видам известувања, порака да не ми пишал некој и слично.
    Тоа трае најмногу 15 минутки и готово се одлогирам.
    Повеќе не можам да го сфаќам 2 часовното седење на фејсбук, а порано и јас го правев истото. :lol:
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Типови фаци на Фејсбук

    Ако порано знаеле за главни фраери, мангупи во чаршија и...
    ...низ градот, сега тоа се се сведува или барем почнува од Фејсбук.

    Постои голема разновидност меѓу оние ликови кои најчесто можете да ги препознаете според следните карактеристики:

    Фаца Билдер – Тоа ти е фаца што иде во теретана и многу случајно додека крева 28 до 34 кила на бенџ му ѕвони телефонот и он крева вика „АЛО“, а другар му "МНОГУ СЛУЧАЈНО" у тој момент го слика, при што е констатирано дека сликата содржи видно изразен бицепс и е совршена за Profile picture!

    Фаца – медиумска личност – Тоа ти е фаца што се појавува на вести додека се снима прилог на пример за Народна банка на Р.М, а тој поминува на пешачки и нормално тие 5 секунди после идат на Фејсбук па се прават нешто 5-16 скрин шотови и типот во тој момент е најголема медиумска фаца меѓу пријателите и бројот на Friend Requesti му е зголемен за 15 % за разлика пред рекламата.

    Фаца рапер – прво во очи паѓа фаермерка број WTFOMGXXL ала шаторско крило и ланци за кола околу врат.

    Фаца жртва на транзиција – Тоа ти се оние фаци кои била популарни на времето на piczo и hi5 али не успеале и на Фејсбук oдносно за време на ембаргото и транзицијата не успеале да останат популарни и на Фејсбук.

    Фаца фотограф - Тоа ти е фаца што има апаратче од скромни 500 јурици и знае да му напрај аутофокус и слика фотеља у дневна соба со аутофокус и одоздола ја потпишува со Име и Презиме Photography.

    Фаца „и јас излегувам во град“ - Овие фаци кога им доаѓа дечкото со апарат во диско да ги слика на сепаре (читај: на сепаре!) му викаат ај те молам дечко фати ја и флашата да се глеа ... нели ептен да не испадне џабе не јаделе ужинка цела недела ги сликале за на Интернет, а ја нема флашата. Овие фаци не излегуваат во понеделник во Хавана, затоа што нема сепариња, а и во понеделник нема дежурни фоторепортери.

    И општо 2-3 факти за фаците (оние што стварно мислат дека се фаци - фаци). На фаците не треба да им коментирате на статус освен ако не сте им БФФ зашто естетскиот изглед на статусот е многу битен ! Исто така морате да ги разберете дека не им е лесно и на нив да напишат срценце и кисче на 98 пријатели секој ден. Не е лесно да се тагнуваш на една иста слика по 100 - 200 пати на ден за да собереш некој лајк повеќе , не е лесно да и пишеш на другарка ти дека е убаво излезена на сликата а и сам/а знаеш дека не е.

    Мислам поточно здравје алал да му е на дечково ... :clap:

    На темава може да се напише многу , а и секој од вас би му текнало некој тип на фаца што го гледа секој ден по Фејсбук ,а за крај чисто онака прашајте ги ваши родители како изгледале фаците во нивно време...па направете споредба...

    :D

    Си пронајдовте некои пријателчиња ? јас некои 90 % :tmi: :wasntme:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Постојано ми стигаат лајкови од некои личности кои не ми се во пријатели туку се пријатели со некој мој пријател кој е тгнат на сликата.
    Прашањето е: дали постои опција тие кои не ми се пријатели да не можат да ми ги лајкнуваат сликите?
    Знам дека можеш целносно да забраниш лајк, ама тоа не го сакам, само сакам да непријателите да им забранам лајк.
    Ако некој знае за таква опција, молам објаснување.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Во сетинзите таму т. е Прилагодување на приватност ќе си избереш опција Прилагодување и таму можеш да ограничиш дали само пријатели или и пријатели на пријателите можат да ти ги гледаат сликите и на крај Зачувај или Save и завршена работа
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ама тоа ми е подесено. Но, се уште пишува као ноут дека и пријателите на тагнатите пријатели може да ги гледаат сликите и да ги лајкнуваат.
    По моја логика, за сликата да не ја лајкнува таму некој трет треба тагнатиот пријател да ја тргне од профил, ама реков да прашам да не има некоја друга финта. ;)
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Нема мислам таква опција.
    Едино да си подесиш кај тебе САМО ПРИЈАТЕЛИ да можат да ти ги ГЛЕДААТ фотографиите, па кога ќе тагнеш некого, твојата фотографија нема да стои во редот на обележани фотографии кај пријателот ти тогаш кога неговиот профил го гледа некој кој не ти е ТЕБЕ пријател.
    Ај се надевам ме разбра.
     
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Од пред некое време кога ќе го внесам URL-то на видео од YouTube наместо насловот заедно со thumbnail ми се појавува само линкот.. решение? :?:

    [​IMG]
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    И кај мене вака појавува :?:
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^

    Целиот фејсбук е пореметен моментално а изгледот се менува повеке отколку чорапи да менуваш |(
     
    На crazylady и Breezy им се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Зошто не можам да објавам статус цело време ми појавува undefined :?:

    И кај вас вака прави или до мене е проблемот ? :?:
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.520
    Допаѓања:
    106.026
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сум пишала на темава ме мрзи да барам. Немам ништо против фејсбукот , точно е дека сите дома се `затвараме` и дремеме на компјутер отколку што се дружиме ама Господ да го благослови тој што го измислил Скајпот и Фејсбукот зашто секој ден си разговарам со моите , се гледаме на камера , ја гледаат керка ми.. значи има и некоја предност нетот :) :D На фејсбук си најдов стари пријатели , роднини што не сум ги запознала или видела оддамна , но ете на фејсбук ги најдов :D
     
  15. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    нов урл за истата песна :D се дешава не е само кај тебе
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Па не го копирајте линкот и после да го пастирате на фб, туку кликнете на Share што се наоѓа под youtube клипот и одберете Fb и ќе ви излезе убаво видеото, не вака како линк.
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    Се редактирам, затоа што искомплицирав уште повеќе, а башка ми стигна кодот на мобилниот после пола саат - значи кој малер сум, еј, ми нема рамен!
    Значи испаничив до бескрај и го сменив мејлот со кој се логирам, пасвордот и сега чичко ми фејсбук ми вели дека треба да пробам да се логирам по 24 часа.
    Е сега, сигурно ќе можам да се логирам, или ќе ме зеза пак и утре? :( Сомнително ми е, што знам.
     
  18. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Феминки ке Ве замолам за помош .
    Ми беше хакнат профилот и ми блокирале драги пријателчиња , како да ги одблокирам ?
    Знае некој?
    Едит : Најдов
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Уште една работа. Постои еден вид егзибистионистичко однесување на фб кое ми иде на живци ненормално, а кажува единствено за неизживеаноста на некои особи.

    Јас разбирам си бил негде, си посетил прекуокеанска земја ватевр и сеа сакаш да се пофалиш. Ама ист сет на слики да ги “шеруваш“ безброј пати за да некој примети и ти стави ласкачки коментар ми е глупо глупо глупо. Како си одел ваму, таму, си се сликал со овој и оној а притоа замисли, нема ниедна слика од тебе на работа како келнер, продавач на сладолед на плажа, чистач на вц и такви ствари, по сликиве некој може да помисли којзнае шо функција си имал таму... Си одел да работиш chores, не дека си турист...

    Тоа ти е исто ко некои од “печалбариве“ наши (со чест на исклучоци) се враќаат од некоја развиена земја како кралеви и на крај дознаваш дека: 1. мерцедесот (бмвто) со кое дошол во мк му е рентано оттаму а овде се праи фраер демек тој го купил, а таму сигурно има некоја крнтија за на работа ако уопште има; 2. Марка гардеробата у најдобра рака му е од 2nd hand shop а ти се фали „Оттаму го зедов бе, оригинал, ти не знаеш како живам и која плата ја зимам“. Ај прашај го шо работи таму и дали и таму може да се напраи таков фраер...

    Исто така ми иде на живци кога некој “лајкува“ она што самиот го постирал. Мислам, да не ти се допаѓаше, немаше ни да биде на твојот профил, не?

    Не е фб за сите, дефинитивно.
     
    На Dreamer, Sara123, JoxyTheFreak и 5 други им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Или слика од тебе, седната во кола, фатена за волан, колата паркирана, а ти демек возиш |( Ватевер.
    Туку, зошто одеднаш почнаа на Home page да ми се појавуваат слики од луѓе кои прв пат ги гледам? Само затоа што некоја си моја колешка ставила лајк на слика од некој си нејзин братучед, комшија или што и да е? И сега мене комшијата нејзин, оп! - на Home page во прилично големи димензии. Зар вака и моите слики излегуваат на екраните на некои кои не ги ни познавам?!
    Па и ова преносов во живо од десна страна на Home page, кој што во моментов лајкнал, искоментирал, постирал...
    Ништо од приватноста на фејсбук, уште малку фали и инбоксот да почнат сите да ни го читаат |(
     
    На Sara123, tessie, Alanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.