^ Може да ти е до јазикот. Мене тие ми се појавија кога фејсбукот го променив од Македонски јазик во English (US). Пробај, па види, сигурно ќе биде!
Порано бев ептен зависна на фејсбук сега не до толку.А,и кога пред некој ден ми се смени,нова верзија ми е ептен ме нервира.
Како можам да направам профилната да не може да ми ја отвараат ? Да ми се гледа,но да неможе да се отвори целосно ?
епа ќе направиш само ти да можеш да ја гледаш...кога ќе ја отвориш сликата горе под името,до датумот имаш кој може да ја гледа...ќе стегниш на тоа и ќе одбериш Само јас или Only me
оди кај тебе на профил, па информации и оди кај датумот на твојот роденден, па до него има измени, стегни тука и го пишува роденденот и десно има само јас, тука стегни и твоите пријатели и зачувај.
порано бев опседната 24/7 на фб, пред 2 години го деактивирав и до ден денес немам влезено, немам никаква потреба за да се уклучам
Еден период бев заразена со фб. Кога ќе седнам на компјутер ми е приклучен секогаш,од навика,не дека киснам на чет со другаркиве по цел ден. Еднаш го деактивирав,па пак го активирав. Кога имаме распуст често се вклучувам на фб,а кога имам за учење се вклучувам само за да проверам дали некоја од другарките ми има нешто важно пишано.
Сакам да ве прашам како точно функционира тоа custom опцијата за објавите..еве на пример за статус. Сакам на пример да скријам статус од некоја личност и ја ставам таму.. тоа значи дека во никој случај статусот нема да го види? Иако можеби заедничките пријатели би лајкнувале и коментирале? Или?
Ме интересира дали на пример ако ја имам уклучено опцијата “следи“ , дали некој кога ке ме следи мене , ќе ми стигне известување ? (се надевам ме разбирате на што мислам)
Дечкиии да ве прашам нешто? Како можеш да дознаеш лозинка на некој а он да не примети. Знам како е преку меил ама ќе морам да ставам нова лозинка и тогаш ми е за џабе. Има ли некој друг начин или тешко?
Голем дел од луѓето на Фејзбук споделуваат толку многу детали со јавноста, а дури ни самите не се свесни за тоа. http://www.youtube.com/watch?v=5P_0s1TYpJU