Ја нема, јас се утепав барајќи ја да сменам да не ми пишуваат од надвор ( тие што не ми се пријатели ) и јас немаше таа опција.
Глупава зависност Посакувам да го избришам, ама никако да го направам тоа. Ми служи за комуникација со најблиските, договори за излегување, било какво шетање преку него одат. И нормално, во мигови на вишок слободно време фаќање сеир на се што се појавило на хоум пејџ. Не сум од оние кои поминуваат долго време на фб, не играм игри, го проверувам од време на време, работам на тоа да стане што поретко!
Знам читав во темава за овој проблем, ама сега не можам да ги најдам мислењата... На тие што не ви се отвараше фејзбук на мобилен после најновиот апдејт, што направивте?
Секој ден сум на Фајсбук..неможам без него..бидејќи повеќето мои роднини се во странство и тоа ми е единствен начин да си комуницирам со нив
Имам, но како да го немам. Се уклучувам ретко, разговорот ми е исклучен со месеци, слики не знам од кога немам ставено, а статуси, лајкови и коментари од мене нема да видите. Значи исто како да го немам, а со тие во странство комуницирам на скајп.
Имам, но како да го немам. Се уклучувам ретко, разговорот ми е исклучен со месеци, слики не знам од кога немам ставено, а статуси, лајкови и коментари од мене нема да видите. Значи исто како да го немам, а со тие во странство комуницирам на скајп.
buba4e нема врска со мак,англиски...јас англиски имам и вака ми е...сменав на мк да пробам пак така ми беше..зошто сите гадни измени кај мене први доаѓаат? Спојлер еве ваков е
Англискиот е ваков веќе долго време, а македонскиот имаше друга форма. Има голема врска секако. Одамна е вака како на сликата кај мене. Ќе се навикнеш просто речено.
Мене само што ми се смени и ич не ми се свиѓа. Иначе морам да прашам,неможе некако да се наместат сликичките од чатот да ми бидат на лева страна да гледам кој е уклучен?
Сега и кај мене се смени како што doubleinfinity ја постира сликата погоре. Ептен е глупав новиов дизајн
Леле грд дизајн , што нема да измени па и овај и мене ми се смени денеска фејзбуков , не можам да се снајдам ни кој ми е уклучен ниту пак исклучен . Аман ќе фатам ќе го деактивирам . Ако можи да се врати стариот некако или слабо
Да. На мене ми излезе. Ама кој те избришал ќе ти покажува од кога си ја инсталирала програмата. http://prntscr.com/2zprfh