Мене вчера ми се смени изгледот на фејсбук,па мислев да не е нешто грешка,а сега гледам дека не сум единствена!Уште ми е чудно,не сум уште свикната!
^А каков ви е НОВИОТ изглед? Ај направете еден принт скрин. Не дека нема и мене да ми се смени, ама пусто curiosity killed the cat
Ми стигна порака на ФБ од девојче што не контактираме на фб никогаш не си имаме пишано туку онака само на улица здраво или сл бидејки од основно се знаеме. и поракате е вакава пишувa: lol(ima nekoi broevi IMG_zip) Ми е страв да отворам да не е некој вирус што милсите???
И мене ми стигна и го симнав не се отвори, некој вирус е, ама имам програма за вируси, ми покажуваше после исчистил вирусот. Не го отварај!!!
И мене ми се смени фејсбукот..малце мие тешко да се навикнам и некако мие глупав како и да е сепак не би можела да преживеам без него..
Зошто некои слики не ми ги покажува? значи стои како бела позадина а сликата не се гледа? му се случува на некој вака?
Преку Keylogger, кој во посебни фајлови го зачувува секое прицкање на тастатура како текст, без разлика дали е username pasw, chat, или едитирање на документ. Ова се случува само преку твојот pc. KGBKeylogger има опција сето ова да го пушта по email. Само платената верзија можи да работи во stelt mode -скриена, можи да се симни по торент, ја има по торентиве и ти не плаќаш за ова. Додека пак фрее верзијата се гледа долу во start up дека се користи. Има опција и за периодичен screenshot. Го симнуваш од торент и до инсталираш, па го конфигурираш, па го користиш. Значи се работи за на твојот pc only. Платена верзија за симнување од торенти преку пиратски методи не е легална, но и филмови симнуваме така па сега то е. Ова не е хумано, да се користи, воопшто, така да бидејќи прашуваш да ти кажам, да го користиш разумно, не за секакви цели. Што и да направиш друго преку овој начин, дали е тоа крадење пасворди од кредитни картички или некои слични работи, тоа не е легално и на крај целата одговорност ќе ја сносиш ти и ќе бидеш одговорна, тоа ќе се дознае. Има и друга метода за проникнување во други комп. но многу е комплицирана, јас тоа не го користам, не е хумано, ни легално и немам никаква потреба, не сум ти некој хакер, онака од што имам читано, не можам да ја кажам, ако сакаш да дознаеш побарај си на Google оној се знае, ако те интересира.
Бидејќи имаше прашање од повеќе членки дали може да се оневозможи да ти праќаат пораки луѓе што ги немаш во пријатели, да ве прашам и јас Дали со строго филтрирање на сандачето не можеш да примаш пораки од луѓе што не ти се пријатели?
Како можам да избришам една порака, ама не само кај мене да ја нема ниту кај другиот што ја примил т.е. пратив една слика ама сега сакам да ја избришам, да ја нема ниту кај мене ниту кај него како???????
^^ Може да се намести да не ви стигнуваат пораки од непознати,ќе одите во Privacy Settings and Tools --> Whose messages do I want filtered into my Inbox? па ќе обележите Basic Filtering · Recommended. ^ Мислам дека не е можно ти да избришеш нешто на нечив друг профил,можеш да тргнеш/избришеш се што ти смета но само од твојот.
Јас се навикнав на новиот изглед на фејсбук,не ми пречи воопшто,но имам проблеми повремено со една девојка Црнкиња од Африка којашто од различни профили со имиња на популарни личности,но со нејзина слика на профилот ми остава нејзини имејл адреси како божем таа се наоѓа во некој киамп за бегалци во Африка,татко и е убиен,некој постар човек и бил како татко сега,има 24 години и ме моли да и ги префрлам парите на моја сметка на трансакција во Македонија бидејќи видела дека верувам во Господ на лајковите на сајтовите на фејсбук,некои од тие пораки фејсбук ги означил како како спамови бидејќи биле опасни закани!Јас ја блокирав на сите профили за да не може да ме контактира повеќе и ги избришав пораките бидејќи не сакам таа да ме насади со некои лоши работи и измами! Затоа јас ви препорачувам и на вас да не обрнувате внимание на такви сомнителни пораки од непознати луѓе,измамници има колку сакаш,а посебно на интернет!