Денеска ми стигнаа 2 пораки со линк. Кога го отворам линкот ми се спушта на компјутер како слика,ама не ми се прикажува што е. Вирус е,нешто ова она ...или ? На некој друг му се случило ?
Да,вируси се тоа како линкови што се во пораки,избриши ги и блокирај го тое што ти ги испратиле ако не ги познаваш и ако не ти се во ријатели,а ако ти се некои блиски што и во реалниот живот ги познаваш,тогаш кажи им да не ти праќаат повеќе такви работи!И на мене исто ми се случувало!
Денеска двајца што ги познавам ми пуштија,забележав дека е истиот линк. Се спушта најпрвин како слика,но не се отвора.Ги избришав пораките,доколку ми се спуштило во компјутер што може да се случи ?
Активирај ја антивирусната програма,јас лично не знам како функционира,распрашај се како функционира од некој што го знаеш!Се надевам дека ќе успееш да се снајдеш и да го решиш проблемот!
^^Работата е што јас незнам дали вирусот “влегол“ во компјутер ,ама ќе проверам деновиве. Сепак ти благодарам.
Денеска на мајка ми профилот некој и го сменил пасвордот,како може пак да си го поврати профилот со оглед на тоа што и лозинката на и маилот и е заборавена Чаре некое
Може ли некако да се направи на е-маилот да не ми стигнуваат известувања од фејсбук за тоа што сум лајкнала, пораки, коментари ?? Се исклучува ли тоа некако?
смени и го на меилот пасс... имаш алтернативна адреса или пак ќе ти даде опција преку тел. број, зависи која од тие две е направен меилот, ако имаш нешто нејасно пиши ми лп, ќе ти објаснам таму поубаво
Ме интересира дали ако блокирам на фејсбук некој што претходно сум го избришала од пријатели затоа што тој ме тагирал во статуси и во слики што не ми се допаѓале без моја дозвола,но откако сум го избришала од пријатели продолжил така да ми прави без моја дозвола,па затоа сум морала да го блокирам,инаку не го познавам лично,само на фејсбук ми бил во пријатели,го блокирам само да не може со мене да контактира или го блокирам да не може воопшто да употребува фејсбук со никого,а не само со мене за виртуелна комуникација?
Колку што успеав да ти го разберам прашањево.. Блокираш некој и со тоа се прекинува вашата комуникација. Нема да може да те гледа ни ти него. Исто како да немаш фб за него. А ако сакаш да го пријавиш него мислам дека имаше некоја опција за репорт јузер и пишуваш таму зашто сакаш да го пријавиш, ама сум заборавила точно како беше..
Тој слободно ќе си го користи профилот,само ти нема да можеш да ги гледаш неговите објави и тој твоите.
Гледам бе некои нови смајлиња, треба некое посебно инсталирање или оти гледам ги немаат сите, и ме интересира дали само за во коментари се или може да се употребуваат и за на чет?
Можат и на чет, а можат и на коментари. Не знам како се инсталираат, ама знам тоа poop е доста познато мислам со некои кратенки се прават. Се надевам ти помогнав, колку можев.