Можеш да ги скриеш тие сликите да го наречам албумот со насловни пријатели,да направиш пријатели да ти го гледаат.Меѓутоа таа слика што моментално ти е на насловна мора да биде јавна. Јас да прашам нешто. Девојки постои ли опција да се заштити ѕидот да не ми го гледаат одредени пријатели,и старите објави. Порано знам дека можеше,ама сега. Однапред благодарна
^ Најверојатно нешто се изменува,и кај мене вчера вечерта така ми беше,дури не ме ни покажуваше уклучена,ниту пак ми стигнуваше што ми пишуваа. Инаку еве сега добро е
Како откако ќе ставам нова фотографија на профил да си ја вратам претходната без да ми се става повторно? туку например ,да ми остане со истите коментари ,лајкови...и слично:?
Имав направено локација на Фејсбук од нашата викендица, убаво со локација на мапата и се тоа. Си се чекирав два три пати без проблем, и на слика ја ставив како локација и на мојот профил и на мајка ми. Сега одеднаш не ми го дава местото како опција кога сакам да се чекирам. Пробав да го сменам од Home во Bussiness, си викам ај да не е скриено дека е како дом напишано, пишав точна адреса, пробав review да напраам, пробав да го лајкнам од повеќе профили демек да е попопуларно, ништо... Некоја идеја што друго да пробам? пс. Истото ми се случи со работното место, направив чек-ин и за него што убаво функционираше, ама одамна не го имав користено. Сега ради другово пробувам и со него, и тоа не ми го дава како опција.
Премногу време трошиме на Фејсбук -Мислам дека оваа не е во ред што каде и да ги бараш твоите пријатели секогаш се на Фејсбук...Отидам на некое игралиште нема никој!!! -Значи ужас но јас ништо неможам тука. Излеземе да се шетаме на некого му текне ијјј јас не сум се вклучила на Фејсбук многу време, морам да си одам... И така сее многу е глупаво со Фејсбук. Дај боже да го укинат. -Дури и за Нова Година во 00:00 објавуваат статуси... Сега си како некоја ФАЦА што имаш над 100 лајка на слика ама дали и 50% од тие пријатели го познаваш... Јас сум против Фејсбук, иако редовно се вклучувам не е тоа тоа.... Сигурно ме разбира барем некој...
Јас сум против Фејбук, значи одвратно е што кога излезеш нема никој надвор... Жалам што живеам во оваа време... И плус многу киднапираат преко ФБ... Има многи причина да го икинат...
Користам фб, ама не често.Глупо ми е кога ќе одам некаде и ќе видам како не можеш здрав муабет да направиш Сите во тие телефоните и компјутерите гледаат, што е толку интересно незнам
Сега веќе е стварно досадно,али кога испадна беше навистина супер.СИ пронаоѓаш многу луѓе и се запознаваш,а и доброто беше во тоа што можеше да се манијачи по стари другарки од школо и маало.Да не зборам дека сите слики ни беа на дофат.Сега барем мене веќе не ми е интересно
Има една апликација, јас скоро ја инсталирав. На фејсбук е апликацијата. Само треба да ја видам како се викаше.
Имам инсталирано една,кога ќе отидам да видам кого имам во пријатели ми покажува поле Lost Friends (0) ама тоа 0 кој знае од кога седи така. најверојатно затоа што тој што те избришал мора и он да ја има апликацијата за да се покаже. Исто како онаа апликација за Visitors што е