имам и ми користи за мнн нешта... јас искрено го сакам пошто дознавам мнн нешта кои нема како да ги дознаам секојдневно ... посветувам изгледа мнн време на ФБ а тоа му преставува проблем само на дечко ми ...со време на време
Meне не ми е јасно зошто пример кога гледам некој што не ми е пријател ми пишува пример 7 заеднички пријатели, и после кликам да видам кои се тие, и ми се покажуваат само 4 на пример . Зошто? Како?
Можеш да ставиш забрана за било какво лајкување или коментирање (ама мислам на албум, не на поединечна слика). Една `френдица`, си има се` забранато, само дозволено е за гледање.
Го колнам тој фејзбук, како ми се смени животот, наивно навлегов во неговата шема и секојдневие што неможам да го деактивирам. Пробав многу пати, имам занимации, ама а нешто ќе ми притреба, за факултет (таму ги имаме сите прашања со се вртат, за некоја информација, за откажани предавања, ... за многу работи што ми се секојдневие.) секое излегување со другарките го договараме преку групни пораки, секоја кавга незнаеме да ја решиме како луѓе тет-а-тет туку ние на чат ја решаваме. Ухх.. Си го сакам мојот живот назад, порано и без фејзбук завршувале факултет, договарале искачање... ... зошто не е така и сега!!!
.... фб ...колку пати сум посакала да го избришам , деактивирам ...што и да е , ама ајде де . Нема теоретски шанси , служел за одрување на контакти " жими мајка ". Да , имам многу пријатели и можеби повекето од нив ми се навистина битни и сакам да знам се за нив ...ама колку е непотребен фб за тоа -едно чудо . порано телефонот ми звонеше по 50 пати на ден и знаев кој навистина сака да ме чуе , кога пријателите кои ми се далеку ке ми испратеа слики на меил им се радував до брскрај , а денес едвај имам време да им ги прелистам сликите ...беше задоволство да се видиш со некој , а денес ке се задоволиш со чат муабет на фб и мислиш дека си завршил работа ...глупост . ФБ , можеме колку сакаме да се лажеме дека е добар за сите ...всушност е добар само за бизнис и правење пари , тоа лично го искусив работејки на еден проект од факс
Стварно е смешно како се правдаме дека ни служи за одржување контакти.Ма немој! А кога го немаше?Повеќе се дружевме.Ќе се слушневме телефонски.Ќе претрчам до другарките во комшии да се договориме.И пак повеќе искачавме Пиевме секој ден кафенце ,7 во друштво,кај секоја по ред.Ајде да не звучам ко статус на ФБ поентата ми е дека сами си наоѓаме глупи изговори за негово користење.Има скајп,па ако имам роднини во странство ќе се гледам и слушам со нив.Ама пак,како ќе се пофалат со слики ако нема ФБ.И јас го имам а не ми служи ама баш за ништо освен тепање време моментално
знае ли некој зошто на четот можам да видам кој е онлајн но никој од пријателите неможе да види дека јас сум онлајн? и само преку пораки можат да ми пишат?
И кај мене е истиот проблем.Јас мислев дека го имам само јас тој проблем,но ете имало уште некој. Ај ако знае некој нека кажи како да се поправи овој проблем оти така страшно сум изнерирана што може да го делитнам фејсот.Скроз све се поремети
Спојлер ^^ и јас го имав истиот проблем и си направив нов профил Да не знае некој како да направам кога ќе лајкнам нешто да се појави на мојот ѕид?.Не намерно ја исклучив таа опција и сега незнам како да ја приклучам.
^ Ќе одиш најдолу кај тебе на профил и ќе кликнеш Измени опции. Таму кај што ти пишува Things you like ќе си кликнеш Отстрани на х (иксчето).
Може ли некако да се избришат нотификациите? Кога одам на See all notifications и кога ми излегуваат сите ( има From this week, from past week.. ), има ли можност да се избришат сите, постои ли таква опција Delete all notifications?
Ах Timeline, ќе се караме, кај те сменив... Среќа имам седум дена да испобришам све и свашта од кога те имам драго фејзбукче. Па тоа патетичните песни мои, моите патетични статуси пред неколку години.. ООО Другарке, кај ти бил паметот ? Спојлер На некои постови што се потсетив ми беше мило, иако од повекето се срамев Го има сменето некој? Како сте задоволни?