Не знам,кај мене не е така,status е долу лево од кај што пишува веднаш до него од десно photo|video и life event, а горе кај што пишува home and your name нема ништо помеѓу нив друго напишано.
@buba4e89 кога се прават некакви промени не се менува кај сите во исто време, некогаш може и недела/месец да помине додека се сменат опциите кај сите корисници. Јас користам English (UK) и уште ништо не ми е сменето.
Хахахах абе од милион ја прва на списокот. Ама ми се свиѓа променава како и да е. Во право си @Elena69221
Проверив и јас сега кај мене на фејсбук повторно,нема кај мене таму да се напише статус,има само долу на профилот кај што и треба да се пишува статус на профилот.Не знам што е работа кај тебе со фејсбукот.Можеби се во прашање некои вируси,па треба чистење кај програмер.
Вирус не може да додаде таб на фб, посебно бидејќи и од телефон ми е сменета верзијата. А инаку проверив и од друг компјутер, и пак исто е.
Го видов и јас тоа известување,вчера дојде кај мене.Се надевам дека ќе има многу нови подобрувања за да се заштитиме од несаканите лоши луѓе што не демнеат на фејсбук,исто и од шпионите.
Зошто постојано ме прикажува онлајн? Дури и кога не сум уклучена. А не сум ни од мобилен уклучена.Што е работата?
Ама на никој досега не му се случило ова,па ме чуди. Цел ден ме прикажува онлајн,нешто да се направи?
Ме интересира дали некоја знае доколку го ИЗБРИШАМ фб профилот, (не да го деактивирам туку целосно бришење да му направам) дали ќе се избришат разговорите што сум ги правела или сеуште ќе постојат кај тие со кои сум пишувала?
Веќе фејсбук не ми се ни отвара, значи стварно веќе. Милион селфиња, чекирања, кој каде бил, статуси крадени од твитер, турбофолк песни.
Постојат опции како Unfriend/Unfollow. Многу се корисни, треба да ги пробаш. Турбофолк ни под разно не сум сретнала на мојата почетна, а селфињата на една рака се бројат. Очигледно сите ги имаат лајкнато KAMAJ и Најдобрите Твитови, па затоа не ни среќавам статуси од твитер. Имам лајкнато околу 2000 страни (серии, филмови, весници, организации, ентериер и сл) и буквално се што ме интересира ми е на почетна. Повеќе имам такви новости, отколку од пријатели, па затоа лакше се дише.