Дали постои некоја страна каде што ќе прикачам слика од некој/а, а потоа да ми се прикаже профилот од тој/таа на сликата?
Едино да пробаш да ја прикачиш сликата на Гугл пребарувачот, па така да видиш дали ќе ти даде некој резултат. https://www.google.com/imghp?hl=en&ei=sWiZVYnxOIqVsgGLw7-gBg&ved=0CAIQqi4oAQ (кај што ти е долу полето за пребарување, кликаш на фотоапаратот, одиш на Upload an image и ја прикачуваш)
dali nekoj znae kako da si gi podreram po moja zelba slikite na vremeplovot.Primer sliki od 2010 i 2011 godina da si gi stavam kako prvi na vremeplovot Nekogas uspevam,nekogas ne.Neznam zasto nesaka.Ako saka nekoja da mi objasni kako treba
Дали откако скрос ќе се избрише (избрише не деактивира) фб профилот разговорите остануваат со тие што сме пишувале?
Дечки, днска мене ме одлогира самиот фејсбук, и ми пристигна да направам потврда преку ID дека сум ја. Направив тоа што направив, и сега не можам да се уклучам, а гледам и од кај сестра ми дека профилот ми го нема...Дали нешто слично ви се има случено и на вас?
Јас затоа си го ставам телефоскиот број и немам ваков проблем. Од било каде да се вклучиш ќе треба да ти стигне код на телефонот и тој код го внесуваш кога се вклучуваш. Ако сакаш пиши им, ама не верувам дека ќе ти вратат затоа што и јас имав некој проблем и уште ми немаат вратено. А проблемот го дознав сам кој е.
Некој кој се разбира повеке околу ФБ да ми каже, дали може сама да си креирам листа на луѓе кои да ми стојат секогаш на чат, дали може сама да си наместам кој да ми излегува на чат кога сум онлајн да не ми се појавуваат секакви?
Можеш да ограничиш кои да ти се појавуваат на чат кога си онлајн само ако ги избришеш од пријатели тие коишто не сакаш да ти се појавуваат на чат на фејсбук.А,инаку вака без разлика дали ти се во блиски пријатели или не секогаш кога си онлајн на чат на фејсбук сите ќе ти се појавуваат.
Можеби си го решила проблемот, сепак ќе ти одговорам. Мене ми се случи истото. Додека да ти ги проверат податоците ти го бришат профилот, потоа од кога ќе утврдат дека се е ок ти го враќаат . Кај мене процесот траеше некаде 12 часа. И јас се мислев што може да е.
Единствено за што ми служи Фејзбукот е да си зборам со пријателите и да се занимавам со страната на клубот и би ве замолила кој е во можност нека ја лајкне странава https://www.facebook.com/Worldtaekwondofamily?fref=ts
Лелеле мислам дека и јас го имам истиот проблем.Нели порано на чет најгоре беа тие со кои најмногу правиме муабет? Сеа ми стојат кој знае кои,некои што прв пат ги гледам.И тебе ли ти е вака? И плус веќе не ми покажува кој е уклучен од компјутер кој од мобилен...Што се случува со фб-во? -.-
Женски, имам едно прашање. Едно машко пред некое време ме блокира и во пораките стоеше Facebook User и не можеше да се чатува, а сега гледам стои целото негово име и презиме и повторно не може да се пишува во конверзација. Која е разликата?
Луѓе ајде ве молам за помош кој знае да ми помогне, ми го следат фејсбукот моите незнам како го направиле а видов дека ме следат се расправавме свашта ми читале..Засрамота како не им е срам да читаат туѓи пораки!А ништо не сум направила па да с есомневаат за да ми прават вака стварно сум изненадена од нив од каде ми го знаат секој чекор па и со другарка неможам да споделам некоја мака тајна се да знаат тие ги мразам жими сеКако можам да го заштитам фејсбукот кој знае нека ми пише тука или во ЛП.А не ми знаат пасворд неам поим како го направиле тоа велат само дека платиле да им го направат а како каде и што незнам.Сега имам нов профил и на него разбрав дека ме следат а на новиов не ми знаат ни емаил адреса ни пасворд асолутно ништо бидејќи не се најавувам дома на пц освен на тел(тел ми е кодиран со бројки така да неможе никој да види ништо),незнам дали може преку телефонски број да се направи така,Кој знае некако да ми помогне да го заштитам профилот или пак ако нема спас веќе нов профил да направам но незнам како да го заштитам и новиот од такви раб...Ќе ви бидам благодарна доколку ми помогне некој позз
Уште си на блок. Прво Gacebook User мислам дека го дава, а после со име и презиме дури и слика мислам дека имаше.
И кај мене е така, се уклучувам на facebook и некои неочекувани лица ми излегуваат на chat, дури си викам не е мојот профил.
во последно време се помалку го користам facebook-от, дури и се размислувам да го деактивирам но кога ќе подразмислам сепак ми треба за во школо
Секаде е така, исто и кај мене. Можеби е некоја грешка на Фејсбук, а можеби нов начин како ги прикажуваат пријателите. Ако порано на врв на чет беа тие со кои најмногу зборевме, сега тие на врвот = што најмногу не манијачат.