А што се понапотресовте толку не ми е јасно ? Ви треба фб за живеење или .... ? Колку е зависен светов од социјалните мрежи ...
А мене па не ми е јасно што е толку лошо ако праша некој? Ете помислиле можеби дека некој сака да им го хакне профилот или слични глупости Никој не почна да припаѓа тука.
Случајно ако ве нервира шо видеата на ФБ ви се пуштат автоматски има лек. Ојш "Settings", лево најдоле имаш "Videos", па а вртиш главата 33 степена на десно имаш "Auto-play videos" го ставаш на "Off" и си завршил работа.
Како може да подесам на број на ВИП да ми доаѓаат смс пораки кога некој ќе ми пиши во inbox? Го внесов бројот на фб, пратив пораки on, F ама пак не ми се проследуваат пораките како смс (пример кога некој од пријателите ќе ми пиши во inbox,порано дури имав број на т-мобиле ми стигаше смс во која пишуваше од кој пријател е пораката и содржината на истата ја пишуваше) Ако знае некој да ми помогни итно ми е.
Можеби е посоодветно тука да си го поставам прашањето, како да направам на фејсбуков одредени лица да немаат опција да ми праќаат покани за пријателство? Значи не да блокирам, или да подесам тие што немаме заеднички пријатели да не можат, туку кој сакам јас. Да го снема тоа копчето за додавање кај нив. И не ми викајте дека има опција да те аднуваат само пријатели на пријателите (friends of friends), затоа што не мислам на тоа.
Има некој проблем со инсталирање на Facebook messanger? Никако не можам да го инсталирам, се спушта и на крај ми излегува ерор 24. Некој да има ваков проблем а да го решил?
Само кај мене нешто не е океј со четов? Многу малце луѓе ми ги дава уклучени,кај повеќето стои 1m,а онлајн се
Од вчера и денес еве ми кочи нешто. Пример кога стегам лајк негде,кога отварам слика да видам, кога скролам на почетната да видам што има и ми поткочува. Кај некого ист проблем?