1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Физика

Дискусија во 'Образование' започната од Lordi, 1 декември 2011.

  1. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Не видов оваква тема,ако сум грешка поправете ме. ;)

    Ми требат некои примери за акција и реакција.
    Ве молам :D
     
  2. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856

    Хмм..кога човек излегува од чамец.Тој излегува од чамецот,а во исто време чамецот малку се враќа назад.
    Или кога жаба се наоѓа на некој лист и скока во една насока,а листот се враќа назад т.е. во спротивна насока.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Физика фала богу немав во средно, а во основно секогаш се вадев дека сум го заборавала калкулаторот дома, го вадев мобилниот и во него во нотесот сите формули ми беа испонапишани :lol:
     
  4. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Us=24V Up=220V Is=2A Ps=48
    колкава е влезната моќност на трансформаторот? колкава е влезната јачина на струјата?
    Ве молам за помош
     
  5. PinkpankaceM

    PinkpankaceM Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Pp = 4.5W мислам , a da ve prasam ако има некој кој оди на физика регионален натпревар за основно од кај вежба?
     
  6. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Физика ми е најлесен предмет и секогаш имам 5.
     
  7. lastovichka

    lastovichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    ФИЗИКА

    Ми треба помош . Може ли да ми помогнете да ги одговорам овие логички прашања од физиката?!

    1. Секој од нас ја почуствувал удобоноста кога лежиме на мека подлога.Вие имате доволно знаења од физика за да објаснете зошто се чуствувате поудобно кога лежите на мека подлога,отколку на тврда подлога. Објаснувањето поткрепете го со поими од физиката,физички величини и формули.

    2.Миењето заби за децата претставува обврска ,но подоцна тоа преминува во навика. И се разбира,прво треба,со притискање на тубичката да нанесте паста на четката. Оваа постапка додека притиската на тубичката за пастата да тече е вообичаена и секојдневна.
    Но дали тоа е само навика и наше секоедневие? Дали овде користеме некој физички закон? Кое е вашето мислење?

    3.Пиењето сок од шише со помош на сламка или цевче е вообичаена постапка. Објаснете го физичкиот ппинцип на пиење сок со сламка или цевче.Сега,ако шишето е добро затворено со гумена тапа низ која е пропната цевката ,дали во тој случај ќе може да пиеме од течноста? Објацнете! Користејте поими од физика и физички величини.

    4.Во записот на сообраќајната полиција пишува: Материјалните докази покажуваат дека автомобилот и камионот пред да се случи несреќата не биле во физички контакт. Утврдено е дека при размимнувањето тие се движеле со големи брзини. Возачот на автомобилот во својот исказ тврди дека во моментот кога се разминувал со камионот почуствувал нешто невообичаено . Користејки го вашето знаење од физика ,разјаснете ги причините за сообраќајната несреќа. Што е тоа невообичаено што го почуствувал возачот на автомобилот? Дали тоа било само привидение,резултат на (божја) виша сила или илузија во момент на психичка состојба исполнета со страв и стрес? Во образложението користете поими од физика,физички величини,и физички закони.
     
  8. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој одговор на ова прашање ?

    Што е леќа?
     
  9. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    мислам дека е оптички апарат
    онакви стакленца што ги има на наочари или на лупа
    не знам дали е баш вака, во 8мо го "учев" ова :)
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Секое геометриско прозирно тело ограничено со две закривени површини кои се делови од некоја сфера се вика леќа.
    Како сум набубала утре за тест еј. 8)
     
  11. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој одговор на овие прашања?

    Кое движење е праволиниско а кое криволиниско?
    Што значи дадено тело да се движи со константна брзина?

    На што се должат природните појави?

    Што значи дадено тело да се движи со константна брзина?

    Одговорите на прашањава ми требаат за утре.
     
  12. anchii123

    anchii123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5
    Ај ако може одговор на прашањава ве молам хитно ми е за утре неможам да најдам учебник за 7мо и 8мо,а на интернет нема.
    1.Дефинирај изминат пат и поместување,направи споредба при движење на тело по права патека и по крива патека. (само ова затемнетото имам напишано дефиниции за изминат пат и поместување)
    2.Како се определува периметар на круг?
    3.Кои вектори се колинеарни и како може да се разложи еден вектор на компонент?
    4.Како се определува положбата на материјалната точка во просторот?
    5.Кое движење праволиниско,а кое криволиниско?
    6.Што значи телото да се движи со константна брзина?
    7.Што претставува поимот моментна брзина?
     
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^ на двете ќе ви одговорам дел од прашањата...

    праволиниско движење е кога телото се движи по права патека, значи нема никакви кривини и вртење, само право...а криволиниско е кога има вртење во кривини....праволиниски се движи на пр. по отсечка, а криволиниски по кружница...

    телото да се движи со константа брзина значи да се движи постојано со иста брзина, да не ја менува...на пр. со брзина од 60 км/ч ...

    периметар на круг се определува со формулата L= 2 * r * pi ,кадешто L е периметарот, r е радиусот на кругот, а pi е 3,14...или може само како пи да остане...

    за моментна брзина не сум баш сигурна, ама мислам дека е брзината со која се движи телото во одреден момент...

    малку закаснив со одговоров, ама ај :!: ;) :wasntme:
     
  14. anchii123

    anchii123 Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    5

    фала многу :**
     
  15. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Дали може некој да ми ја дефинира брзината при рамномерно праволиниско движење?
    Утре правам тест а незнам како да го дефинирам :?:
     
  16. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Па, при рамномерно праволиниско движење брзината е константна т.е. не се менува.
     
    На Abby му/ѝ се допаѓа ова.
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Што се директни, а што индиректни мерења? :^)
     
  18. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Помошш!!! :sweat: Утре правам тест а не ми се јасни тие задачи:
    -на пример:
    12l=_____cm3 (12литри=_____центиметри кубни) :envy:
    и нешто ако може со слика барем да е појасно изразено, :envy: бидејќи ќе извадам 1 ;( ;(
     
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Еден литар е еден дециметар кубен. 12 литри се 12 дециметри кубни. 12 dm кубни ги множиш со 1000 и добиваш 12 000 cm кубни.
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    лелелеллее ова претварењето кој го измислил....али наставничката е добра па ни дава на калкулатор...