Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Физика

Дискусија во 'Образование' започната од Lordi, 1 декември 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.018
    Препорачајте книги, видеа, документарци, емисии, сè што сметате дека е добар извор за повеќе да се научи за физиката, со тоа што ми треба лесен пристап за почеток. Нешто као физика за dummies. :D
    Како да почнам, а да не се збунам и демотивирам?
     
  2. Ana2411

    Ana2411 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски

    Пиши ми приватна ако уште ти треба помош.
     
  3. Ema.J

    Ema.J Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ги имам решенијата, проблемот ми е што не знам како да почнам со решавање, како да знам што формула да употребам итн.
     
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    32.761
    Пол:
    Женски
    Ќе се обидам накратко да ти дадам совети за како полесно да се снаоѓаш со задачи. Пред да почнеш да решаваш, мој предлог е да ги запишеш основните закони/формули кои се дел од областа што ја учите, да знаеш што значи секоја буква во истите, потоа познатите вредности дадени во задачата, и на крај тоа што е непознато. Најважно, немој да заборавиш да ги смениш мерните единици доколку не се зададени во основни мерни единици. Како што гледам од двете задачи, учите за хармониски осцилации па првиот чекор е да се запишат соодветните формули.

    Во првата задача има пружина како осцилаторен систем, и скоро секогаш кога станува збор за пружина ќе треба да го користиш Хуковиот закон, тоа нека ти биде појдовна точка. Формулата е F=kx, каде к е коефициент на еластичност на пружината, а х е отстапувањето од рамнотежната положба (издолжувањето). Од задачата ја знаеме масата, силата F и х (изразено во метри бидејќи тоа е основната мерна единица за должина, односно ќе биде 0,02 m). После тоа се запишува формулата за периодот бидејќи тоа е она што се бара:

    T=2pi* кв.корен (k/m) (види во учебник/тетратка ако не ти е јасно како е запишано тука)

    Гледаме дека имаме непозната к, која ќе ја одредиме од формулата за Хуковиот закон. Потоа само заменуваш вредности и тоа е тоа.


    За втората задача следи ги истите чекори како и претходно. Еве пак ќе напишам подетално.
    Тргнуваш од основната равенка за хармониско движење/осцилации:
    y=Asin(wt+f)
    y е елонгација, тоа е отстапувањето од рамнотежната положба во даден момент од времето; А е амплитудата или максималното отстапување од рамнотежната положба; w е кружна фреквенција и f (со грчка буква се означува) е фазното поместување.

    Следно, читаме што е познато од задачата, го знаеме периодот, ја знаеме елонгацијата (од условот да е еднаква на А/2), за фазата бидејќи не е кажано поинаку може да се смета дека е 0, а непознати се w и t. За кружната фреквенција има формула со која се поврзани Т и w кај осцилаторни движења:
    w=2pi / Т
    Потоа само заменуваш во равенката, и t ќе се добие по пресметката на arcsin функција. Само внимавај вредноста за arcsin ќе е во степени, но мора да се изрази во радијани за од двете страни на равенката да има исти мерни единици (w се изразува во rad/s). Се надевам ме разбираш за што зборувам :D Би требало и во решението така да е запишано.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ema.J

    Ema.J Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу за деталниот одговор.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.