После сите животни поуки кои ни ги укажа хороскопот досега ,немав сретнато уште вакво чудо - вежбање според знакот ,соодветно. Да видиме ,да научиме нешто плус Овен Главата е делот од телото со кој управува овој знак. Значи, кога станува збор за затегнување на телото - сè е во главата. Припадниците на овој знак најдобро реагираат на мотивациони книги или ЦД-а. Она што го придвижува Овенот е инспирацијата, па успешни ќе бидат ако платат приватен тренер. Овој огнен знак сака да се натпреварува, па доведувањето во форма ќе биде успешно ако учествува во некој спортски настан. Бик Бикот владее со вратот и грлото, каде што е штитната жлезда. Затоа, грижата дали штитната жлезда работи како што треба ќе биде основа за губење на килограми. За да имаат здрав и успешен метаболизам, Биковите мораат да се погрижат да внесуваат доволна количина јодирана сол. Близнаци Близнаците владеат со рацете, рамената и белите дробови. Овој знак не смее да пуши затоа што веднаш им слабеат телесните функции, поради што им е тешко да вежбаат. Долгите и брзи прошетки се идеална вежба за белите дробови на Близнаците и им помагаат за побрзо согорување на калориите. Веслањето и јогата ќе им помогнат да го потрошат вишокот на калории, но и да ги одржат мускулите на рацете и грбот убаво обликувани. Рак Ракот управува со градите и стомакот, па поради тоа припадниците на тој знак мора да внимаваат што јадат. Најчесто ги водат емоциите, па потсвесно консумираат повеќе калории отколку што им е потребно и ги саботираат обидите за симнување на килограмите. Најдобар начин за родените во знакот на Рак да имаат убава линија е зацврстување на стомачните мускули со вежби во теретана. Лав Лавот владее со срцето, што значи дека режим на аеробни вежби ќе го одржи нивното тело во форма. На срцето му е потребно многу трчање, одење, пливање и свеж воздух. Лавовите би требало да избегнуваат мрсни и благи продукти во кои често уживаат, а со цел да го спречат таложењето на маснотии на стомакот и бутовите. Девица Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење. Вага Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килограм. Скорпија Скорпијата управува со гениталиите и хормоните. Ако жената во знак на Скорпија ја зголемува тежината, треба да се консултира со доктор и да ја провери причината за тоа. Играњето и трчањето се идеални тренинзи. Стрелец Овој знак владее со црниот дроб и колковите. Повременото чистење на црниот дроб ќе му помогне на организмот на Стрелецот подобро да функционира. Стрелецот би требало да прави вежби кои не ги оптоваруваат премногу колковите, како што се фитнес во вода и пливање, а треба да избегнува и агресивни вежби на степер. Јарец Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети. Водолија Водолиите управуваат со зглобовите. Една од незгодните страни на припадниците од овој знак е склоноста кон дебелеење. Затоа, важно е да пијат доволна количина зелен чај. На овој знак му се потребни и многу аеробни вежби за да одржат здрави срцето и артериите. За согорување на калориите се препорачува трчање, џогирање и возење велосипед. Риби Часовите по играње се идеален начин за топење на килограмите. Бидејќи се работи за воден знак, одличен ефект ќе се постигне и со пливање и воден аеробик. Рибите се многу емоционален знак, па се случува да се прејадат кога се лути. Идеална исхрана за овој знак е внесување на многу незаситени маснотии. Додатоци во исхраната кои содржат омега 3 и омега 6 масни киселини можат да помогнат во намалување на килограмите. (Преземено од црнобело.ком )
Јарец Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети. Интересно. Во однос на болдираното, јас избегнувам секакви вежби ми се свиѓа делот дека пливање е идеален избор.. А сеа она дека ми недостигаат минерали ме мотивираше да станам и да испијам една шумлива таблета.
Скорпија Скорпијата управува со гениталиите и хормоните. Ако жената во знак на Скорпија ја зголемува тежината, треба да се консултира со доктор и да ја провери причината за тоа. Играњето и трчањето се идеални тренинзи. Точно е. Јас на пример многу сакам да трчам и да пешачам... Омилен начин на вежбање ми е, а и многу корисен. За мене има најдобри резултати.
Според мојот хороскопски знак, риби, се' што е напишано е точно. Точно е дека го сакам играњето, не само како вежба, туку воопшто. А, уште поважно е тоа што не сакам вежбањето да стане обврска, туку здрава навика без која не можам да функционирам најдобро. За пливањето, не би коментирала, повеќе од јасно е. Рибите се најдобри пливачи . Исто така, точно е дека од расположението, зависи апетитот. Емоционалната состојба, навистина премногу влијае. Па, затоа најдобро е, таквите навики на посегање по храна, при емоционална нестабилност, да се заменат со нови, поздрави. За ова со омега масните киселини, како додатоци, се уште немам пробано. Ама, ќе пробам наскоро
и кај мене се е точно освен тоа дека ми е потребен приватен тренер, не воопшто не ми е потребен баш сакам кога вежбам во група. а ако обрнам внимание на мојот подзнак стрелец и таму има точности, во последно време се повеќе ми одговара пливање бидејќи колковите ме болат а со пливањето чувствувам дека ги одмарам, но тоа кога неможеш преку цела година море да користиш.
Водолија Водолиите управуваат со зглобовите. Една од незгодните страни на припадниците од овој знак е склоноста кон дебелеење. Затоа, важно е да пијат доволна количина зелен чај. На овој знак му се потребни и многу аеробни вежби за да одржат здрави срцето и артериите. За согорување на калориите се препорачува трчање, џогирање и возење велосипед. овоа воопшто не ми е погодено (барем мене)....слабичка сум си иако јадам многу посебно благо...ако бев склона кон дебелеење до сега ќе бев тронтее
Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килограм. Бреј ,за бубрезите ,а нема никакви препораки за вежби ,поконкретно ,ко за мене Додуша имам мака со бубрезите ,траам за во ВЦ ,впрочем и сите Ваги што ги познавам се такви Е ај да послушам астролошки совет и да намалам ете со цигарите ,пошто другиве намирници скоро и да не ги консумирам
Се до збор ми е погодено! Јога и пливање обожавам, вежби со скокање и претерано потење мрзам, електролитниот баланс ми е нарушен. А на диета сум моментално
Близнаци Близнаците владеат со рацете, рамената и белите дробови. Овој знак не смее да пуши затоа што веднаш им слабеат телесните функции, поради што им е тешко да вежбаат. Долгите и брзи прошетки се идеална вежба за белите дробови на Близнаците и им помагаат за побрзо согорување на калориите. Веслањето и јогата ќе им помогнат да го потрошат вишокот на калории, но и да ги одржат мускулите на рацете и грбот убаво обликувани. Ахам..како се ми погодиле :up:
Јарец Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети. Точно, погодено ми е
Рак Ракот управува со градите и стомакот, па поради тоа припадниците на тој знак мора да внимаваат што јадат. Најчесто ги водат емоциите, па потсвесно консумираат повеќе калории отколку што им е потребно и ги саботираат обидите за симнување на килограмите. Најдобар начин за родените во знакот на Рак да имаат убава линија е зацврстување на стомачните мускули со вежби во теретана
Вага Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килoграм. се е точноооооо...
Девица Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење.
Девица Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење.