1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Физичка активност според хороскопот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од MarchelineAmaru, 10 септември 2011.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    После сите животни поуки кои ни ги укажа хороскопот досега ,немав сретнато уште вакво чудо - вежбање според знакот ,соодветно.
    Да видиме ,да научиме нешто плус :)

    Овен

    Главата е делот од телото со кој управува овој знак. Значи, кога станува збор за затегнување на телото - сè е во главата. Припадниците на овој знак најдобро реагираат на мотивациони книги или ЦД-а. Она што го придвижува Овенот е инспирацијата, па успешни ќе бидат ако платат приватен тренер. Овој огнен знак сака да се натпреварува, па доведувањето во форма ќе биде успешно ако учествува во некој спортски настан.

    Бик

    Бикот владее со вратот и грлото, каде што е штитната жлезда. Затоа, грижата дали штитната жлезда работи како што треба ќе биде основа за губење на килограми. За да имаат здрав и успешен метаболизам, Биковите мораат да се погрижат да внесуваат доволна количина јодирана сол.

    Близнаци

    Близнаците владеат со рацете, рамената и белите дробови. Овој знак не смее да пуши затоа што веднаш им слабеат телесните функции, поради што им е тешко да вежбаат. Долгите и брзи прошетки се идеална вежба за белите дробови на Близнаците и им помагаат за побрзо согорување на калориите. Веслањето и јогата ќе им помогнат да го потрошат вишокот на калории, но и да ги одржат мускулите на рацете и грбот убаво обликувани.

    Рак

    Ракот управува со градите и стомакот, па поради тоа припадниците на тој знак мора да внимаваат што јадат. Најчесто ги водат емоциите, па потсвесно консумираат повеќе калории отколку што им е потребно и ги саботираат обидите за симнување на килограмите. Најдобар начин за родените во знакот на Рак да имаат убава линија е зацврстување на стомачните мускули со вежби во теретана.

    Лав

    Лавот владее со срцето, што значи дека режим на аеробни вежби ќе го одржи нивното тело во форма. На срцето му е потребно многу трчање, одење, пливање и свеж воздух. Лавовите би требало да избегнуваат мрсни и благи продукти во кои често уживаат, а со цел да го спречат таложењето на маснотии на стомакот и бутовите.

    Девица

    Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење.

    Вага

    Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килограм.

    Скорпија

    Скорпијата управува со гениталиите и хормоните. Ако жената во знак на Скорпија ја зголемува тежината, треба да се консултира со доктор и да ја провери причината за тоа. Играњето и трчањето се идеални тренинзи.

    Стрелец

    Овој знак владее со црниот дроб и колковите. Повременото чистење на црниот дроб ќе му помогне на организмот на Стрелецот подобро да функционира. Стрелецот би требало да прави вежби кои не ги оптоваруваат премногу колковите, како што се фитнес во вода и пливање, а треба да избегнува и агресивни вежби на степер.

    Јарец

    Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети.

    Водолија

    Водолиите управуваат со зглобовите. Една од незгодните страни на припадниците од овој знак е склоноста кон дебелеење. Затоа, важно е да пијат доволна количина зелен чај. На овој знак му се потребни и многу аеробни вежби за да одржат здрави срцето и артериите. За согорување на калориите се препорачува трчање, џогирање и возење велосипед.

    Риби

    Часовите по играње се идеален начин за топење на килограмите. Бидејќи се работи за воден знак, одличен ефект ќе се постигне и со пливање и воден аеробик. Рибите се многу емоционален знак, па се случува да се прејадат кога се лути. Идеална исхрана за овој знак е внесување на многу незаситени маснотии. Додатоци во исхраната кои содржат омега 3 и омега 6 масни киселини можат да помогнат во намалување на килограмите.

    (Преземено од црнобело.ком )
     
    На Lovy1 и Cacy им се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Јарец

    Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети.

    Интересно.
    Во однос на болдираното, јас избегнувам секакви вежби :lol: ми се свиѓа делот дека пливање е идеален избор..
    А сеа она дека ми недостигаат минерали ме мотивираше да станам и да испијам една шумлива таблета. :lol:
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Скорпија

    Скорпијата управува со гениталиите и хормоните. Ако жената во знак на Скорпија ја зголемува тежината, треба да се консултира со доктор и да ја провери причината за тоа. Играњето и трчањето се идеални тренинзи.

    Точно е. Јас на пример многу сакам да трчам и да пешачам... Омилен начин на вежбање ми е, а и многу корисен. За мене има најдобри резултати.
     
  4. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Според мојот хороскопски знак, риби, се' што е напишано е точно.
    Точно е дека го сакам играњето, не само како вежба, туку воопшто. А, уште поважно е тоа што не сакам вежбањето да стане обврска, туку здрава навика без која не можам да функционирам најдобро. За пливањето, не би коментирала, повеќе од јасно е. Рибите се најдобри пливачи :) .
    Исто така, точно е дека од расположението, зависи апетитот. Емоционалната состојба, навистина премногу влијае. Па, затоа најдобро е, таквите навики на посегање по храна, при емоционална нестабилност, да се заменат со нови, поздрави.
    За ова со омега масните киселини, како додатоци, се уште немам пробано. Ама, ќе пробам наскоро :!:
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    и кај мене се е точно освен тоа дека ми е потребен приватен тренер, не воопшто не ми е потребен баш сакам кога вежбам во група.

    а ако обрнам внимание на мојот подзнак стрелец и таму има точности, во последно време се повеќе ми одговара пливање бидејќи колковите ме болат а со пливањето чувствувам дека ги одмарам, но тоа кога неможеш преку цела година море да користиш.
     
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Водолија

    Водолиите управуваат со зглобовите. Една од незгодните страни на припадниците од овој знак е склоноста кон дебелеење. Затоа, важно е да пијат доволна количина зелен чај. На овој знак му се потребни и многу аеробни вежби за да одржат здрави срцето и артериите. За согорување на калориите се препорачува трчање, џогирање и возење велосипед.

    овоа воопшто не ми е погодено (барем мене)....слабичка сум си иако јадам многу посебно благо...ако бев склона кон дебелеење до сега ќе бев тронтее :lol:
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килограм.

    Бреј ,за бубрезите ,а нема никакви препораки за вежби ,поконкретно ,ко за мене :lol:
    Додуша имам мака со бубрезите ,траам за во ВЦ ,впрочем и сите Ваги што ги познавам се такви :tmi:
    Е ај да послушам астролошки совет и да намалам ете со цигарите ,пошто другиве намирници скоро и да не ги консумирам :)
     
  8. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Се до збор ми е погодено! Јога и пливање обожавам, вежби со скокање и претерано потење мрзам, електролитниот баланс ми е нарушен. А на диета сум моментално :)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    јарците треба да избегнуваат диети..... :^) киви диета може? :D
     
  10. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Коленото ми е шиено :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Се ми е погодено :D
     
  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Близнаци

    Близнаците владеат со рацете, рамената и белите дробови. Овој знак не смее да пуши затоа што веднаш им слабеат телесните функции, поради што им е тешко да вежбаат. Долгите и брзи прошетки се идеална вежба за белите дробови на Близнаците и им помагаат за побрзо согорување на калориите. Веслањето и јогата ќе им помогнат да го потрошат вишокот на калории, но и да ги одржат мускулите на рацете и грбот убаво обликувани.

    Ахам..како се ми погодиле :D

    :up:
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Јарец

    Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети.

    Точно, погодено ми е :)
     
  14. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Се согласувам за пушењето,уште еден голема причина што ги мразам цигарите. :rofl:
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Не да се фалам дека сум дебела...ама кога ќе наполнам 80кг сигурно ќе се фалам :rofl: :rofl:
     
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Рак

    Ракот управува со градите и стомакот, па поради тоа припадниците на тој знак мора да внимаваат што јадат. Најчесто ги водат емоциите, па потсвесно консумираат повеќе калории отколку што им е потребно и ги саботираат обидите за симнување на килограмите. Најдобар начин за родените во знакот на Рак да имаат убава линија е зацврстување на стомачните мускули со вежби во теретана
     
  17. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    и јас ги мразам цигарите и еве и сега кога прочитав нема ни да покушам а иначе одам и на јога :)
     
  18. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    Вага

    Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килoграм.

    се е точноооооо... :)
     
  19. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Девица

    Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289