Физичка делба на објект

Дискусија во 'Правни совети' започната од informacija, 21 август 2014.

  1. informacija

    informacija Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Сум во дилема за некои работи околу физичката делба.
    Наследник сум со сетрами на 1/2 од куќа во која што двете живееме.
    Имавме некоја привремена поделба на просториите(тогаш ние адаптиравме дел за кујна и купатило) ,а дел ги користиме заеднички
    - имаме само еден влез во куќата(има само приземје), со тоа и заеднички ходник
    - за излез на тараса поминуваме низ нивна(старата) кујна и машина за алишта во купатило што е од нашите родители
    - заеднички користиме подрум.
    Нашево привремено решение е веќе 15 год, а другата страна непокажува никаков интерес за решавање на ситуацијава( имаат поголема површина на користење).
    Земјиштето под зграда и дворното место е во процедура за приватизација.
    Бидејќи стварно не може да се договориме, решена сум да почнам судска постапка.
    Ме интересира дали може да ја подели куќата- судот( да се извади нов влез и се што е потребно) без сопственост на земјиштето.
    И ако може појаснување на процедурата на суд .