Значи, немам постирано порано и ако ова излезе на погрешно место се извинувам... Значи во текот на денот бев физички нападнат од страна на неколку лица со видливи повреди на главата по што веднаш извадив лекарско уверение... Тие во текот на предходните неколку месеци без никаков повод упатуваа вербални закани и навреди спрема мене... Во петокот исто еден од нив фрлаше стаклени шишиња на мене без повреда... Кога го начекав тој во една кладилница повторно се однесуваше агресивно спрема мене со закани по што не можев да го трпам и го истуркав надвор од кладилницата притискајки го спрема оградата кога бев нападнат од неколку лица. Камерите се снимија. Во полиција кога пријавував ми рекоа дека се што можат да направат е да ги предупредат и ако поднесам тужба би можел да бидам гонет за учество во тепачка иако тие беа оние кои ми се закануваа и напаѓаа во тој и предходните настани