Утре без одлагање пријави го случајот во во Центарот за социјална работа,а во полиција пријави веднаш. Не чекај, и не чувствувај сожалување за никого , особено за оној што кренал рака на тебе. Ако некој еднаш си дозволил да те повреди, значи не помислил ни за момент на последиците што ти ги предизвикува. Насилството не смее да се премолчи. За жал од лично искуство ти кажувам
Обавезно,сите докази се и повеќе од добродојдени,понатаму за на суд. Сега уште кога е пресно сликај и прати ги сликите на некој,да не ти ги најде.
Пријавуваш во полиција ќе ти кажат да отидеш на дежурен лекар во болница да те прегледа. Со документ од таму одиш до полиција ќе напишат записник понатаму документот ќе ти послужи ако тужиш против личноста што ти причинила штета.
Апдејт: пријавив. Секако прво прашање им беше зашто вчера не си пријавила, доаѓаш после еден ден. Имаш ли видливи повреди? -Викам имам, посекотина на прст, греботина на раце и имам видеа од местото на настанот. -Дали имам отидено на лекар и дали имам потврда за повредите? -Им кажав дека прво кај нив доаѓам, дека на мајка ми и била лоша состојбата дента на настанот и сум била со неа, немав време да размислувам за следен чекор кога жената се бореше воздух да земе. -Кога слушнаа кого пријавувам, не знам дали е по правило и закон еден од полицијците (не знам ни што беше затоа што беше во цивилка), кој и не зборуваше баш чисто македонски , направи запис на настанот. Прашав зарем не треба јас да напишам, инспекторот или што и да им беше тој главниот ми рече не, он ќе пишува. Секако не дозволија да пипам дека имало напад, туку акцентот беше ставен на вербалната расправија. И толку. Ме убедуваа дека прават за добро од двете страни, немам лекарски извештај за повреди, после 24 часа нема ни да биде валиден. Ако изнесам дека сум била нападната физички а немам доказ може и другата страна да тврди дека и јас сум нападнала. Кога ми кажаа дека пријавувам дете на бивш полицаец им реков не ме интересира чие дете е, сакам да се поведе постапка. Сакам и социјална служба на терен да се провери колку е личноста психилки способна да чува новороденче. Ми рекоа дека сум била многу вознемирена требало да се смирам и дека тоа треба фамилијарно да се реши. Они можат само да ја повикаат особата на разговор. Им реков тоа плакатот позади нив ПРИЈАВИ НАСИЛСТВО слободно да го искинат. И дали следен пат треба да чекам да ме утепа за они да превземат нешто. Ми дадоа нивен службен моб.број да ги барам веднаш ако сум загрозена. -Ми побараа контакт од особата. После неколку саати дошле на адресата и ја известиле дека е пријавена. Ништо не порекла, потврдила се. Дури и полицијава и кажала дека сум споменала напад физички со одреден предмет и истото нели не е наведено во извештајот. Бидејќи изричито им побарав јасно да и дадат до знаење на особата дека не сакам да ми се доближува - истото и е пренесено. Особата сето наведено за кое се трети го има потврдено. Искрено толку сум разочарана од постапката на сите тројца службеници. Буквално не ги занимаше, како да сум дошла да ги замарам се однесуваа.
Уште колку пати ќе го допираме дното од такви како нив. Срамота и греота за се што се случува во тие институции. Затоа се повеќе луѓе ќе си ја земаат правдата во свои раце! Дно од држава Дно дно дна