Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксатор за шминка

Дискусија во 'Лице' започната од tulip, 9 мај 2010.

  1. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ме изненади фиксаторов на Авон :)

    Многу , многу ми се допаѓа! Не очекував ама баш ништо , со оглед на целокупниот квалитет на Авон , си го земав чисто од што беше прилично ефтин па да го испробав и не погрешив деф. :!:

    Уште од моментот кога ќе прснете на лице се осеќа како лицето се затега некако, и на некој начин ја "лепи" шминката на лице и не мрда се додека не ја отстраните ( барем ова кај мене вака се покажа).
    Истовремено го користам и фиксаторот на Мakeupforever кој е феноменален! :inlove: И можам да кажам дека во споредба со Авон, не се исти нормално , но блиску се богами :)

    А цената на двете е премногу различна. Фиксаторот на Авон го земав за некои си 250 денари мислам беше, а на Мakeupforever околу 25 евра . Количината е иста на двете 125 мл.
    Покрај тоа што ја фиксира да стои на место шминката, исто така дава и flawless изглед, како да не сте стаиле пудра 100кг иако сте претерала со пудрата можеби .

    Значи , за тие пари е о-д-л-и-ч-е-н !! Го препорачувам на сите оние кои имаат проблеми со траење на шминката (особено пудрата) , на тие со мрсна кожа, комбинирана т.е. на тие што брзо им светнува лицето и оксидира пудрата :)

    Оцена : 9/10 :)
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Јас фиксатор имам од Catherine Arley и можам да кажам дека не е нешто посебно.Башка и мириса некако чудно,мислев отпрвин да не е со поминат рок,но не,изгледа таков си е.
     
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум користела а искрено и сум немала потреба бидејќи ми е квалитетна пудрата и ми стои цел ден, а сенки ретко користам а и кога користам е за 2-3 саати навечер ако одам некаде и немам потреба од фиксатор. :)
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Корекција , неискуството го предизвика непријатното искуство кое го имав за прв пат :D . Сега сум професионалец во користење фиксатор. Ми треба нов, чекам препорака.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас го користам фиксаторот на есенце во прав, но и од фиксаторот на Авон во спреј.
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Во спреј ми е попрактичен, а да нарачам од Авон не ми се чека, посебно затоа што морам да одам до Бт да го земам овде немам пристап до каталог |( .

    Чисто од љубопитност, колку се од Есенс во прав ?
     
  7. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Баш на темава дојдов да прашам за Кетрин арли ама сега ме премисли мислењево. Денес ми го препорачаа демек најмногу тој му се трошел :?:
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Mimi123, и мене ми рекоа дека тој најмногу се трошел,дека бил квалитетен,го скапа продавачката од фалење фиксаторов,ама лично мене ми е малку чуден. :?: Како што кажав погоре,мирисаше некако чудно,а и кога ќе прснеш,како за џабе е,што знам,допри се со прстот малку на шминката и ќе излезе,се размачкува малце.Дали рокот му беше поминат,или не,не знам,но ако сакаш купи го,пробај да видиш и ти дали ти одговара или не.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Фиксаторот Catherine Arley според мене е еден од полошите, ако не и најлош.
    Исто како да си ја фиксирала шминката со лак за коса, ужасно ја тегне кожата и мене воопшто не ми се допаѓа. Подобро Авон него ли овој.
     
    На Mimi123 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Денес го свртев градов (во буквална смисла нозе ме болеа) во потрага по фиксатор и не најдов ни од тој порано што го користев. Секаде само Кетрин Арли, само цената варираше од парфимерија до парфимерија. На крај го земав од Јавор за 240 денари. Уште не сум го пробала.
    Морам да се пожалам на ниската снабденост на парфимериите низ Битола последно време. Некако испразнети се, без намера за нови залихи. Изборот на артикли е скромен, само поекономично и најпродавано :| . Патем, мојот мириса на фиксатор. Онака обично, нема некоја специфична арома.
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    јас никогаш немам користено фиксатор за шминка. Се зависи од квалитетот на шминката која ја користите и начинот на нанесување, а најбитно е исто така и подлогата.
    Кога сум користрела услуги од професионален шминкер, никогаш не ми ставиле фиксатор, а сум добила беспрекорна шминка, која не се помрднала ни при дожд ни при пот ни од солзи.
     
  12. MakeupLove

    MakeupLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    26
    Фиксаторов ми е совршен,цената му е 250 денари. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_3306.JPG
      IMG_3306.JPG
      Големина на фајлот:
      230,1 KB
      Прегледи:
      245
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој и сум задоволна

    [​IMG]
     
  14. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    507
    Пудра за лице

    Дали некој го има користено фиксаторот во прав од Артдеко? Се мислев дали да го земам ама не познавам никој што го има користено. Ми треба добар фиксатор па не сакам да лупнам пари за џабе.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Пудра за лице

    Кој фиксатор поточно, тој во тубичка или во кутивче како за пудра во прав ?
    Јас се навикнав на тој во тубичка и одличен ми е, а последно кога ми требаше фиксатор не успеав да го најдам истиот кај мене и го купив овој.
    [​IMG]
    Разлика не забележав, квалитетот е ист. И цената им е тука некаде, мислам дека го купив 800 и нешто, не се сеќавам точно. Но, ако бараш добар фиксатор, мислам дека ќе ти ги исполни очекувањата, според мене, Artdeco имаат најдобри фиксатори. Барем од оние фирми кои се нудат на пазарот кај нас. :)
     
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ ист е фиксаторот, само поголема и помала тубичка.
    И јас го користам, задоволна сум.
    Некој кој знае колку добар матирачки ефект не видов искрено, барем во мојот случај едно 2-3 саати додека да ми светне носот и челото, ама пудрата ми се задржува доста долго на лицето со фиксаторов. :)
     
  17. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    507
    Фиксаторот јас што го видов во шатци, беше во тубичка и беше 470 денари. Значи не матира нешто баш баш? Брзо светнувам а сакам мат да ми е лицето па и незнам колку работа ќе ми заврши...
     
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Јас со било каква камена, во прав, фиксатор не фиксатор, пак за брзо светнувам. Си се навикнав и веќе не ми претставува проблем искрено. Мене реално одличен ми е. Го измазнува убаво лицето и пудрата подолго стои.
    Пробај ја пудрата во прав на Аура, shine killer. Мене лицето од неа најдолго мат ми издржуваше. Околу 300 денари беше ако не се лажам.
     
  19. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    507
    ^^моментално сум во битола и искрено тука не видов нигде козметика на аура. Ништо, ќе се подумам уште малку. Стварно незнам дали да го земам тој на артдеко си викам дали ќе ми ја заврши работата што ја сакам. Иначе како се користи, пред да се стави камена пудра или после?
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Јас го ставам наместо камена пудра, ми рекоа дека не се нанесувало камена па фиксатор и не знам колку е точно ова, но супер е кога се нанесува на тој начин.

    Сања, сподели и ти некоја финта. :)

    Јас долго време се мислам дали да го земам правот од Аура, многу ми го пофалија ама некако се сомневав во квалитетот и се плашам да не ме прави премногу бела како правот од Есенс.