Имам нешто ново на оваа тема и мислам дека е најдоброто нешто кое до сега го имам користено од фиксаторите во облик на спреј. Римел имаат нов фиксатор, го купив неодамна од Космо (околу 250 денари +/-) и навистина сум задоволна како си ја врши функцијата. Може да се користи како база (распрскувам во вид на буквата „Х“ преку целото лице откако ќе нанесам хидратантна крема) и врз него да се нанесе течна пудра, а исто така може да се користи и како стандарден фиксатор. Не затега, ама одлично ја „држи“ шминката на место. Не ми солзат очите од него, ниту пак ми мириса нападно. Фин производ со фина цена - препорачувам!
@Mishela како е со мастење на лицето? Ако не се лажам го користеше тој на Авон, па ако може една мала споредба
Ќе видам како ќе се покаже утре, зашто ќе бидам турбо со обврски од сабајле до вечер и секако ќе го имам на себе +12 часа. Инаку ми се допаѓа многу; нежен е и не затега. Поготово кога поминало извесно време откако сум нанела крема за лице и откако таа успеала целосно да се впие. Прскам фиксатор без повторно да нанесам крема и ставам коректор и пудра. Нежен е со кожата, Авон ми е малку похардкор во ваква ситуација. Во однос на трајноста сум навистина задоволна од двата, ама кога би морала да бирам, мислам дека би го одбрала Римел - поради поубавиот дизајн на амбалажата и поради фактот што се суши веднаш по нанесувањето, а на фиксаторот од Авон му треба малку време за да се впие (и нормално, потоа не мрда, ама ме нервира „мокриот“ филинг).
Го има ли некој користено? Нешто да споделите? Овој на Аура или на Римел мислите дека е подобар? @Mishela @Sanjichka007 @Rose96 @buba4e89 може ли помош?
Јас го немам користено ама неколку балкански блогерки што ги следам не беа нешто посебно задоволни. Би ти препорачала да го пробаш на Голден Роуз или на Римел двата фиксатори се предобри.
Јас го имам NYX и сум презадоволна. Што мајка ме тераше од Авон да го пробам денеска одвај чекам да одам дома да се измијам. Како да имам цемент на мене.
Ни јас го немам користено овој. Го користам тој на Авон и ми се допаѓа, баш ја држи шминката и брзо се суши по прснувањето. Можеш да го пробаш.
Јас го имам, ама само го прскам на четка за појачување на интензитетот на светкавите сенки и хајлајтерот. За таа намена е одличен. Но, има многу јак мирис на лак за коса и не ми се допаѓа како "лежи" на лицето кога го ставам врз пудра, а и ми дава некое чувство на тежина на кожата. Верувам дека има многу подобри фиксатори на пазарот.
Од Аура fix me јас сум разочарана Мириса на лак и потоа лепи кожата. Криво ми е што размислував кој да го купам дали од Аура или Римел на крај најверојатно ќе го купам и вториот затоа што од Аура не планирам повеќе да го користам.
Гледав спрејови за фиксирање шминка и матирање па дали функционираат? Ми фатија око на Балеа и Есенс како поевтини.
Да , јас го имам користено ама искрено не ја фиксира шминката , јас го користев онака за освежување (кога ќе имав повеќе шминка да не ми изгледа лицето ко зацементирано) а и ми се допаѓаше мн мирисот на ружи